Инвестициски можности
ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
ИНДИВИДУАЛНО УПРАВУВАЊЕ
КОМБИНИРАНИ ПРОИЗВОДИ
НЛБ БРИК
акциски фонд
Графиконот прикажува како се менува вредноста на уделот во фондот со тек на време. Доколку поседувате удели во овој фонд, повисоката вредност на уделот значи и потенцијално повисока вредност на вашата инвестиција.
Се појави грешка
Ве молиме пробајте одново покасно.
Инвестицискиот фонд НЛБ БРИК ви дава можност да вложувате во економски најдинамичните пазари во светот – Индија, Кина, Бразил и други растечки економии. Овие пазари растат брзо, стандардот на живот се подобрува, а потрошувачката се зголемува. Со професионално управување и диверзификација, фондот ви помага да го искористите потенцијалот на овие пазари, при тоа внимателно управувајќи ги ризиците.
Првенствено наменет за вложувачи со долгорочен хоризонт и повисока толеранција кон ризик, кои се подготвени да вложуваат дисциплинирано и континуирано за да ги оплодуваат своите средства на долг рок. Погоден за оние кои сакаат да ја искористат можноста за раст на економиите на Индија, Кина и Бразил.
Основан
28.10.2008
Вид на фонд
акциски
Платежна сметка
210-0636457804-76
Идентификациски број
9110000000062
Индикаторот за синтетички ризик и принос го покажува соодносот на потенцијалниот ризик и потенцијалниот принос на инвестициите во фондот врз основа на влуктуација на вредност на уделот во изминатите години
Ризична класа
Фондот е со ризична класа 6 од 7, што значи дека вложувањето носи поголем ризик, но и шанса за повисок принос.
Сè на едно место – проверете ги трошоците и условите за вложување и изберете го начинот што најмногу одговара на вашите финансиски цели.
Во продолжение е прикажан преглед на главните видови ризици поврзани со вложувањето во фондот и нивниот степен на влијание, со цел вложувачите полесно да ја проценат соодветноста на вложувањето во однос на сопствениот ризичен профил.
| Вид на ризик | Степен на влијание |
| Пазарен ризик | Висок |
| Каматен ризик | Низок |
| Кредитен ризик | Среден |
| Ликвиден ризик | Среден |
| Валутен ризик | Среден |
| Ризик од промена на даночните прописи | Среден |
| Инфлација | Среден |
| Политички ризик | Висок |
Кога инвеститорот еднократно уплаќа средства, процентот на влезниот надоместок се пресметува во зависност од износот на уплатените средства, согласно следната табела:
| Износ во денари | Стапка на влезен надоместок |
| од 0 до 299.999 | 3 % |
| од 300.000 до 599.999 | 2,5 % |
| од 600.000 до 999.999 | 2 % |
| од 1.000.000 до 2.999.999 | 1 % |
| 3.000.000 и повеќе | 0,5 % |
Влезниот надоместок за издавање на удели при креирање на Програмиран план кој има дефиниран износ се пресметува и наплатува заедно со првата уплата за вкупно договорениот износ на планот, согласно следната табела:
| Вкупен износ на планот во денари | Стапка на влезен надоместок |
| 126.000 | 5% |
| 156.000 | 4% |
| 206.000 | 3% |
| 246.000 | 2,5% |
| 306.000 | 2% |
| 606.000 и повеќе | 1% |
Друштвото за управување нема да пресметува и наплатува трошоци за откуп (излезен надоместок), освен во следниов случај:
Ако се врши целосен или делумен откуп на удели стекнати преку еднократна уплата во текот на промотивен период и откупот се извршува во период пократок од 365 дена од денот на купување. Стапката на излезниот надоместок е иста како стапката на влезниот надоместок.
| Износ во денари | Стапка на излезен надоместок |
| од 0 до 299.999 | 3 % |
| од 300.000 до 599.999 | 2,5 % |
| од 600.000 до 999.999 | 2 % |
| од 1.000.000 до 2.999.999 | 1 % |
| 3.000.000 и повеќе | 0,5 % |
Структурата на вложување во фондот може да се разликува од предвидената, но секогаш останува во рамките на правилата и ограничувањата утврдени во Проспектот на фондот.
Графиконот ја прикажува успешноста на фондот како процент на загуба или добивка по година за последните 10 години.
Приносот во минатото има информативен карактер и не претставува индикација за можниот принос во иднина. Приносот е пресметан од минатите податоци на вредноста на уделот во денари, со веќе одземени трошоци и надоместоци согласно Проспектот и Статутот. Методологијата за пресметка на историскиот принос е пропишана од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија. Фондот започна со работа на 28.10.2008 година.
Споредете ги карактеристиките на фондовите или пресметајте колку можете да заштедите со вложување.