Инвестициски можности
ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
ИНДИВИДУАЛНО УПРАВУВАЊЕ
КОМБИНИРАНИ ПРОИЗВОДИ
Акциските фондови можат да понудат повисок принос, но истовремено носат и поголем ризик. Ако сите заштеди ги вложите само во акциски фондови, може да се изложите на поголеми осцилации отколку што ви одговараат. Затоа е важно инвестицијата да ја усогласите со вашите цели, финансиска состојба и со тоа колкав ризик сте подготвени да прифатите – а не само со очекуваниот принос.
Прочитај повеќеАкциските фондови се соодветни за подолгорочно штедење (најмалку 5 години), обврзничките за среднорочно (најмалку 3 години), додека паричните фондови се погодни за краткорочно штедење и управување со ликвидни средства.
Прочитај повеќеНе, вашите вложувања во НЛБ Фондови не се врзуваат. Можете да ги повлечете во секое време, а парите ќе ги добиете на вашата сметка најдоцна во рок од 5 работни дена од поднесувањето на барањето за откуп на удели (потпишано и во оригинал). Сепак, имајте во предвид дека ако ги повлечете пред препорачаниот период на штедење, можеби ќе добиете помала добивка од онаа што ја очекувавте.
Прочитај повеќеЗависи од целта на штедењето. Инвестициските фондови се наменети првенствено за остварување долгорочни финансиски цели и за остварување поголеми приноси, додека банкарските депозити нудат понизок очекуван принос, но и понизок пазарен ризик.
Прочитај повеќеНајважната одлука при инвестирање во инвестициски фондови е одлуката колкав дел од заштедите ќе се вложи во инвестициски фондови.
Прочитај повеќеСо долгорочно инвестирање и со правилен избор на фондови. Намалување на пазарниот ризик може да се постигне и со постепени уплати преку програмиран план, но тоа, за жал, значи и понизок очекуван принос (помал ризик = помал очекуван принос).
Прочитај повеќеЗа физички лица, потребно е: документ за идентификација (лична карта или пасош) и трансакциска сметка. За правни лица: тековна состојба, тековна состојба на вистински сопственици, документ за лична идентификација на овластените лица / вистинскиот сопственик, нотарски заверено полномошно ако пристапот кон фондовите не го прави законскиот застапник на правното лице.
Прочитај повеќеСекако! Малолетните лица можат да инвестираат во инвестициските фондови, при што сите трансакции се извршуваат од нивните законски застапници. Затоа што претежно има можност за подолг временски хоризонт на вложување, погодно е да се уплаќа во акциски фондови.
Прочитај повеќеSeznam za primerjavo je prazen
Na primerjalnem seznamu ni shranjenih izračunov. Za primerjavo morate dodati nekaj izračunov.