Преминете кон содржината

Која одлука е најважна при инвестирање во инвестициски фондови?

Најважната одлука при инвестирање во инвестициски фондови е инвеститорот јасно да ја дефинира целта и намената на штедењето, како и временскиот период во кој средствата нема да му бидат потребни. Ова директно влијае врз изборот на инвестициската стратегија и прифатливото ниво на ризик.

 

Втората клучна одлука е колкав дел од заштедите инвеститорот ќе одвои за вложување во инвестициски фондови.

 

Последната значајна одлука се однесува на распределбата на средствата меѓу акциски, комбиниран, обврзнички или паричен фонд, во согласност со целите, временскиот хоризонт и толеранцијата на ризик.

Поврзани прашања

Секако! Малолетните лица можат да инвестираат во инвестициските фондови, при што сите трансакции се извршуваат од нивните законски застапници. Затоа што претежно има можност за подолг временски хоризонт на вложување, погодно е да се уплаќа во акциски фондови.

Прочитај повеќе

За физички лица, потребно е: документ за идентификација (лична карта или пасош) и трансакциска сметка. За правни лица: тековна состојба, тековна состојба на вистински сопственици, документ за лична идентификација на овластените лица / вистинскиот сопственик, нотарски заверено полномошно ако пристапот кон фондовите не го прави законскиот застапник на правното лице.

Прочитај повеќе

Со долгорочно инвестирање и со правилен избор на фондови. Намалување на пазарниот ризик може да се постигне и со постепени уплати преку програмиран план, но тоа, за жал, значи и понизок очекуван принос (помал ризик = помал очекуван принос).

Прочитај повеќе