Инвестициски можности
ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
ИНДИВИДУАЛНО УПРАВУВАЊЕ
КОМБИНИРАНИ ПРОИЗВОДИ
Контакт
бул. Партизански одреди 14А, 1000 Скопје
НЛБ Фондови АД Скопје е основано на 31 јануари 2008 година под името КД Фондови АД Скопје. Основната дејност на Друштвото е управување со средства, со цел остварување финансиски приноси во согласност со структурата и стратегијата на управуваните портфолија.
Во февруари 2019 година, КД Фондови АД Скопје стана дел од Generali Групацијата. Во јуни 2024 година, Генерали Инвестментс АД Скопје беше преземено од страна на НЛБ Групацијата, по што Друштвото продолжува да ја гради својата долгорочна традиција на професионално управување со средства под нов корпоративен идентитет.
Друштвото поседува согласност од Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија за основање и управување со отворени и затворени инвестициски фондови, дозвола за управување со средства за сметка на индивидуални клиенти – сопственици на портфолио, како и за инвестициско советување на клиенти.
Активности кои ги врши друштвото согласно решенијата издадени од Комисијата за Хартии од Вредност на Република Северна Македонија:
Фондовите со кои управуваме инвестираат во различни инвестициски класи, вклучувајќи инструменти со фиксен принос, депозити и акции на светските пазари, во рамки на бројни индустрии. Преку широкиот спектар на инвестициски производи со долгорочен потенцијал, им овозможуваме на инвеститорите флексибилно креирање на сопствено портфолио, во согласност со нивните финансиски цели, желби и потреби.
| Назив | Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје |
| Скратен назив | НЛБ Фондови АД Скопје |
| Седиште | бул. Партизански одреди бр. 14A, влез 1, кат 2/2, Скопје - Центар |
| Инфо Телефон | +389 2 60 90 300 |
| Електронска адреса | info@nlbfondovi.mk |
| Интернет страница | www.nlbfondovi.mk |
| Датум на основање | 31.01.2008 |
| Датум на упис во Централен Регистар | 02.06.2008 |
| Број на одобрение за работа | 07-726/15 од 19.05.2008 година, издадено од КХВ |
| Износ на почетниот капитал | 150.000 EUR |
| Акционери | NLB Skladi Druzba za upravljanje D.O.O. Ljubljana – 100% |
| Матичен број | 6364578 |
| Даночен број | 4030008031852 |
| Трансакциска сметка | 280122101190295 – Силк Роуд Банка АД Скопје |
| Шифра на дејност | 66.30 – Дејности на управување со фондови |
| Основна главнина | 935.740 EUR во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ |
| Депозитарна банка | НЛБ Банка АД Скопје – Бул. Мајка Тереза бр. 1, 1000 Скопје |
| Износ на почетен капитал | 854.061.000,00 МКД |
| Број на одобрение за депозитарната банка | Решение бр. 1849 од 11.03.2008 година, издадено од Народна банка на РСМ |
| Субдепозитарна банка | Nova Ljubljanska banka d.d. – Ljubljana, Slovenia |
| Трето лице – управување со фондови | НЛБ Банка АД Скопје – продажба и/или откуп на удели во инвестициски фондови и активности на рекламирање |
| Трето лице – сметководство | Унија Смарт Акаунтинг ДОО Скопје – водење деловни книги и сметки и изготвување финансиски извештаи |
| Трето лице – односи со вложувачи | БИГУ Академија ДООЕЛ Скопје – воспоставување и одржување односи со вложувачите |
| Овластен ревизор | Грант Торнтон ДОО Скопје |
| Адреса на ревизор | Св.Кирил и Методиј (М.Х.Јасмин) 52-Б-1/20, 1000 Скопје |
| Надзорна институција | Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија |
| Членство | Член на NLB Групацијата |
| Веб-страница | https://www.nlbgroup.com/si-sl |
Роден е на 16.10.1978 година. Дипломирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде ги завршува и последипломските студии од областа менаџмент на бизнис администрација (MBA). Поседува уверение за работа со хартии од вредност и дозвола за работење на инвестиционен советник, издадени од КХВ. Од 2001 година работел како специјалист за документарно работење во платен промет со странство во Секторот за девизно работење на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Од 01.06.2008 година непрекинато ја извршува функцијата Главен извршен директор на Друштвото за управување.
Родена е на 23.08.1979 година. Дипломирала на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а потоа постдипломските студии завршува на Institute de la Francophonie pour administration et la Gestation (IFAG) во Софија. Поседува уверение за инвестициско советување издадено од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Во периодот од 2003 до 2008 година работела во Силмак, ААГ и во Друштвото за управување со пензиски фондови НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје. Од 2008 е вработена во КД Фондови АД Скопје, на местото портфолио менаџер. Поседува дозвола за работење на инвестициски советник. Од 26.10.2018 година е назначена за Извршен директор и член на одборот на директори.
Дипломирал на Економскиот факултет во Љубљана, а магистрирал на бизнис школата IESE во Барселона. Има повеќе од 15 години искуство во менаџмент, откако прво дипломирал како оперативен менаџер и помошник директор во компанијата за онлајн услуги Parsek. Помеѓу 2006 и 2010 година, беше вработен во Citigroup во Лондон како инвестициски банкар во областа на продажба и преземање и финансирање на компании од индустрискиот и автомобилскиот сектор. Во септември 2010 година, се приклучи кон KD Group како помошник на извршниот директор, каде што беше главно одговорен за областа на корпоративен развој. Во периодот од 2012 до 2022 година ја извршуваше функцијата член и претседател на управниот одбор на компанијата Generali Investments, а во февруари 2023 година го презеде управувањето со компанијата NLB Skladi.
Марјан Кочовски, роден 1975 година, дипломиран економист – отсек Финансии и Банкарство. Го започна своето професионално патување во 1999 година како новинар во Стопанската редакција на МРТВ, каде што се фокусираше на економски теми. Бил одговорен за известувањата за состојбите на Македонската берза, вклучувајќи тргување и анализи на пазарните случувања. Во 2002 година, се придружи на НЛБ Банка во секторот за корпоративно банкарство. Во 2007 година беше поставен на раководна позиција во рамките на Деловната мрежа на банката. Во 2015 година беше назначен за директор на регион, позиција која ја задржа до 2023 година, кога стана директор на секторот Деловна мрежа. Покрај тоа, е член на Управниот одбор на Македонското Библиско друштво. На Собранието одржано на 17.05.2024 година, беше донесена одлука за именување на неизвршен и независен член на Одборот на директори на Друштвото за управување, со мандат од шест години.
Дипломирал и магистрирал на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. Кариерата ја започнува во Abanka Vipa d.d. во областа на финансиските пазари, по што преминува во Hypo Alpe-Adria Bank d.d., каде најпрво раководи со трезорската продажба, а потоа ја извршува функцијата директор за финансиски контролинг, трезорска продажба, инвестициско банкарство и управување со активи и пасиви. Во 2016 година е назначен за Претседател на Управниот одбор на Љубљанската берза, каде што го води развојот и модернизацијата на пазарот, ја зголемува активноста на тргувањето, воведува нови производи и дигитални канали, и ја засилува транспарентноста и довербата кај инвеститорите и пазарните учесници. Од 2024 година ја извршува функцијата Country Manager на НЛБ Групацијата одговорен за Северна Македонија, со фокус на стратешко планирање, корпоративно управување, координација на групни иницијативи, организациски развој и водење тимови. Поседува долгогодишно искуство во финансискиот сектор, капиталните пазари и управувањето со комплексни институции.
| Вид на ризик | Степен на влијание |
| Пазарен ризик | Низок |
| Ликвидносен ризик | Низок |
| Ризик на друга договорна страна | Низок |
| Оперативен ризик | Низок |
Понеделник – петок: 08:00 – 16:00
За да не посетите во нашите канцеларии, потребно е да закажете термин на следниов телефон 02 60 90 300.
Нашата визија е да обезбедиме висококвалитетни, конзистентни и диверзифицирани услуги за управување со средства, со фокус на долгорочни приноси. Стремиме да им понудиме на нашите клиенти инвестиции со соодветен ризик и стабилни резултати.
Ние се фокусираме на долгорочните перформанси на нашите инвеститори, што ни дава слобода и сила да работиме со максимална посветеност. Инвестираме во луѓето и технологијата, развиваме иновативни инвестициони производи и услуги и го задржуваме највисокиот стандард на квалитет.
Нашата мисија е да градиме и одржуваме долгорочни односи со инвеститорите, да обезбедиме квалитетни приноси, и истовремено да создадеме средина во која нашите вработени можат да работат со интегритет, креативност и во најдобар интерес на нашите клиенти и на компанијата.
За сите информации и прашања поврзани со нашите продукти, контактирајте нè на info@nlbfondovi.mk
Доколку имате жалба или поплака, можете да ни се обратите преку е-пошта на pofalbiipoplaki@nlbfondovi.mk.
Сите поднесени барања се разгледуваат внимателно и во согласност со интерните процедури. Одговорно лице за постапување по жалби и поплаки е Анастасија Џутеска.
НЛБ Фондови ги насочува своите спонзорски и донаторски активности кон проекти усогласени со вредностите и визијата на Друштвото. Преку спонзорства и донации, НЛБ Фондови не поддржува политички партии, ниту верски заедници и организации.