Инвестициски можности
ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
ИНДИВИДУАЛНО УПРАВУВАЊЕ
КОМБИНИРАНИ ПРОИЗВОДИ
Инвестициски фонд претставува здружени парични средства на голем број инвеститори, кои се вложуваат во различни видови хартии од вредност (акции, обврзници).
Прочитај повеќеИнвестициските фондови им овозможуваат на инвеститорите диверзифицирано и стручно управување со средствата со висока ликвидност. Покрај заштедата на време и даночните поволности, тие помагаат во одржување на дисциплина при штедењето и ги намалуваат пазарните ризици во споредба со вложувањата во поединечни хартии од вредност.
Прочитај повеќеНајбитните информации за фондовите со кои управува НЛБ Фондови можете да ги најдете во Проспектот и во Документот со клучни информации за инвеститорите за секој поединечен фонд. Дополнителни информации за работењето на фондовите можете да најдете во последно објавените ревидирани годишни и полугодишни извештаи. Сите овие материјали се бесплатно достапни за инвеститорите на веб-страницата на друштвото НЛБ Фондови.
Прочитај повеќеИнвестирањето во инвестициски фондови е соодветно за различни цели, како што се дополнителна пензија, предвремено пензионирање, купување недвижен имот, или за детско штедење.
Прочитај повеќеИзносот на средства вложени во фондот генерално не влијае значително врз неговата успешност (ризикот и приносот), освен во случаи кога поголем износ на средства доведува до пониски трошоци за работење на фондот.
Прочитај повеќеЦените на акциите на долг рок растат затоа што компаниите со растот на економијата ја зголемуваат продуктивноста и добивките, што се одразува во повисоки вредности на акциите. И покрај повремени економски застои кои може привремено да ги намалат цените, долгорочниот тренд останува позитивен.
Прочитај повеќеИнвеститорот нема влијание врз управувањето на фондот, бидејќи тоа се спроведува во рамките на однапред утврдена инвестициска политика, која инвеститорот ја прифаќа со потпишување на пристапница. Управувањето е исто за сите инвеститори, а нивното индиректно влијание се појавува само преку изборот фондови.
Прочитај повеќеСекој фонд со кој управува НЛБ Фондови ги вложува средствата во согласност со својата инвестициска политика на фондот, која внимателно ја избира соодветната инвестиција која има потенцијал за раст на пазарната вредност. Инвестициската политика на одреден фонд е детално опишана во Проспектот на фондот.
Прочитај повеќеЗа пристап во фондовите можете да користите една од следниве опции: посета на експозитура од НЛБ Банка или во седиштето на друштвото НЛБ Фондови.
Прочитај повеќеSeznam za primerjavo je prazen
Na primerjalnem seznamu ni shranjenih izračunov. Za primerjavo morate dodati nekaj izračunov.