Инвестициски можности
ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
ИНДИВИДУАЛНО УПРАВУВАЊЕ
КОМБИНИРАНИ ПРОИЗВОДИ
Инвеститорите немаат никакво влијание врз одлуките на портфолио менаџерот кој управува со фондот. Управителот мора да го управува фондот во рамките на строго определените граници на инвестициската политика на фондот, која е наведена во Проспектот или во Документот со клучни информации. Инвестициската политика исто така има доминантно влијание врз приносот и ризикот на поединечниот фонд.
Со потпишувањето на пристапница за одреден фонд, инвеститорот ја прифаќа инвестициската политика на фондот и правилата за управување. Во еден фонд вложуваат средства голем број инвеститори и практично е невозможно управителот да го прилагоди управувањето на посебните барања на секој поединечен инвеститор.
За вложувањата во инвестициски фондови важи правилото дека „средствата на инвестицискиот фонд се управуваат еднакво за сите инвеститори“.
Секој фонд со кој управува НЛБ Фондови ги вложува средствата во согласност со својата инвестициска политика на фондот, која внимателно ја избира соодветната инвестиција која има потенцијал за раст на пазарната вредност. Инвестициската политика на одреден фонд е детално опишана во Проспектот на фондот.
Прочитај повеќеЗа пристап во фондовите можете да користите една од следниве опции: посета на експозитура од НЛБ Банка или во седиштето на друштвото НЛБ Фондови.
Прочитај повеќеЦените на акциите на долг рок растат затоа што компаниите со растот на економијата ја зголемуваат продуктивноста и добивките, што се одразува во повисоки вредности на акциите. И покрај повремени економски застои кои може привремено да ги намалат цените, долгорочниот тренд останува позитивен.
Прочитај повеќеSeznam za primerjavo je prazen
Na primerjalnem seznamu ni shranjenih izračunov. Za primerjavo morate dodati nekaj izračunov.