Преминете кон содржината

Како можам да инвестирам во фондовите?

За вложување во фондовите со кои управува друштвото НЛБ Фондови можете да ги користите следните опции:

  • Експозитури од НЛБ Банка: Можете да посетите било која експозитура од НЛБ Банка, каде овластено лице ќе го изврши вложувањето во избраниот подфонд.

  • Во седиштето на друштвото НЛБ Фондови: По претходна најава, можете да не посетите во канцелариите од друштвото. Ние ќе ви помогнеме околу документацијата и пристапот во фондовите.

Поврзани прашања

Секој фонд со кој управува НЛБ Фондови ги вложува средствата во согласност со својата инвестициска политика на фондот, која внимателно ја избира соодветната инвестиција која има потенцијал за раст на пазарната вредност. Инвестициската политика на одреден фонд е детално опишана во Проспектот на фондот.

Прочитај повеќе

Инвеститорот нема влијание врз управувањето на фондот, бидејќи тоа се спроведува во рамките на однапред утврдена инвестициска политика, која инвеститорот ја прифаќа со потпишување на пристапница. Управувањето е исто за сите инвеститори, а нивното индиректно влијание се појавува само преку изборот фондови.

Прочитај повеќе

Цените на акциите на долг рок растат затоа што компаниите со растот на економијата ја зголемуваат продуктивноста и добивките, што се одразува во повисоки вредности на акциите. И покрај повремени економски застои кои може привремено да ги намалат цените, долгорочниот тренд останува позитивен.

Прочитај повеќе