Преминете кон содржината

Политика на приватност

НЛБ Фондови АД Скопје посветува особено внимание на заштита на личните податоци и постапува грижливо, одговорно и во согласност со важечките регулативи а особено Законот за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија. Ние го почитуваме вашето право на приватност и затоа обработуваме податоци на начин на кој ги заштитуваме вашите интереси, основни права и слободи. Ги обработуваме личните податоци законски, фер и на транспарентен начин со кој се обезбедува соодветна заштита на личните податоци, вклучувајќи и заштита од неовластена или незаконска обработка и од случајно губење, уништување или оштетување, користејќи соодветни технички или организациони мерки. Пред да ги обработиме вашите лични податоци, внимателно ја проценуваме пропорционалноста на наменетата обработка и какво било позитивно или негативно влијание врз вас или вашите права во однос на заштитата на личните податоци.

 

Во таа насока, оваа Политика за приватност објаснува кои се информациите кои за Вас ги собираме, за обработката на личните податоци која ја вршиме кога ја посетувате нашата веб-страница и кога ја користите нашата мобилна апликација NLB mFondovi или кога користите некоја од нашите услуги и кои се вашите права согласно Законот за заштита на личните податоци. 

НЛБ ФОНДОВИ АД Скопје како отчетен контролор на личните податоци, секогаш ќе ја демонстрира усогласеноста и применувањето на начелата поврзани со обработката на личните податоци.

 

Основни податоци за контролорот на личните податоци

  • Контролор: НЛБ ФОНДОВИ АД Скопје
  • Седиште: Бул. Партизански Одреди бр.14А/1-2
  • Даночен број: 4030008031852
  • ЕМБС: 6364578
  • e-mail: info@nlbfondovi.mk 
  • Телефон: 02 / 60 90 300
  • Веб страница: nlbfondovi.mk

Чии лични податоци обработуваме и за која цел

Ги собираме и обработуваме податоците поврзани со следниве категории на субјекти на лични податоци:

 

Посетители на нашата веб-страница www.nlbfondovi.mk 

Како посетител на нашата веб-страница, собираме податоци за Вашата навигација кои се користат за анализа на посетите и за одржување на информациската безбедност. На нашата веб-страница ќе го сретнете и поимот колачиња (анг.cookies). Интернет колачињата претставуваат мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на уредот од кој сте пристапиле, а со цел препознавање на истиот и подобрување на вашето корисничко искуство. Посетителот, односно корисникот на веб- страницата може да ги сочува, ограничи или оневозможи овие колачиња. Колачињата ги регистрираат интересите на физичкото лице, неговите преференци и искуства и ја подобруваат ефикасноста на пребарувањето на информации, но притоа без можност да се идентификува конкретниот корисник. Повеќе за употребата на интернет колачињата (cookies) можете да прочитате во нашата Политика за колачиња на следниот линк.

 

При посетата на нашата веб-страница, можете доброволно да одлучите дали, кога и на кој начин сакате да стапите во контакт со нас (е-пошта, апликации, онлајн формулар). Исто така, Вие сами одлучувате дали и кои интерактивни алатки ќе ги користите (на пр. информативни пресметки).

 

НЛБ ФОНДОВИ АД Скопје ги користи податоците поврзани со посетата на нашата веб-страница за следните цели:

  • Воспоставување на клиентски однос
  • Вршење на исплата/уплата
  •  Ажурирање на податоци
  • ФАТКА (Foreign Account Tax Compliance Act)
  • Апликација за регистрација/ажурирање на клиент
  • Изјава за потекло на имот
  • Закажување на термин за финансиско советување,
  • регистрација за е-весник и
  • за следење, анализа, одржување, развој и подобрување на функционалностите на веб страната

 

Корисници на апликацијата NLB mFondovi

Мобилната апликација NLB mFondovi обработува лични податоци потребни за целите на регистрација и користење на апликацијата преку која корисниците ќе можат да пристапат до фондот, да ги гледаат своите инвестиции, да гледаат информации за активностите на фондот, да гласаат за идни активности, да прегледуваат новости и да користат инвестициски калкулатор за да симулираат различни типови на инвестиции.

 

При регистрирање и користење на апликацијата се собираат следните лични податоци од уредот на корисникот:

  • Unique Device Identifier (UUID), Модел на уред и Производител на уредот, Верзија на Оперативен Систем, IP Адреса, Статус на биометрија, Време на настан (Timestamp), Сесиски токени (Session Tokens)

При воспоставување на однос се обработуваат:

  • Име и презиме, е-маил адреса, адреса на живеење, датум на раѓање, број на лична карта, ЕМБГ, привремена адреса на живеење, име и презиме на брачен партнер, име на работодавец, адреса на работодавец, телефонски број, број на трансакциска сметка, број на пасош, висина на плата, дополнителни примања на клиентот, имот со кој располага, електронски потпис, електронско потпишување на пристапница и барање.

Законскиот основ за регистрирање на апликацијата е согласност која корисникот ја дава при самото вклучување на апликацијата.

 

Законскиот основ за воспоставување на однос е исполнување на законски барања.

 

Податоците кои се обработуваат за потребите на апликацијата се чуваат онолку долго колку е потребно за извршување на договорниот однос согласно законските рокови за чување или до исполнување на целта за обработка.

 

Категории на податоци кои се обработуваат

НЛБ Фондови АД Скопје е контролор на личните податоци кои Вие (како субјект на лични податоци) ни ги давате. Ние ги обработуваме следниве видови на лични податоци добиени од Вас:

 

Податоци во однос на, и во врска со деловниот однос со клиентите, како што се:

  • податоци за идентификација (име, презиме, дата и место на раѓање, единствен матичен број, број на важечкиот документ за идентификација (лична карта или пасош, татково име);
  • контакт податоци (место и адреса на живеалиште или престојувалиште, телефонски број и електронска пошта)
  • податоци за вашата кредитна способност (економска, семејна и имотна состојба, име на брачен другар, професија, редовни и дополнителни примања, податоци за вашиот работодавач)
  • податоци во врска со трансакции
  • Државјанство
  • Носител на јавна функција
  • Податоци за потписник на пристапница (Име, презиме, ЕМБГ, број на лк/пасош, адреса, електронска пошта, телефонски број)

 

Како ги собираме вашите личните податоци­

Личните податоци ги собираме преку различни канали и начини на комуникација и тоа:

  • преку ваша посета на веб-страницата www.nlbfondovi.mk
  • преку нашата електронска пошта (e-mail): info@nlbfondovi.mk
  • преку пошта,
  • непосредно во експозитурите на НЛБ Банка АД Скопје,
  • Своеволно пополнувате апликација, пристапница и/или склучувате договор за инвестирање во инвестициски фондови,
  • Закажување термини за финансиско советување,
  • За регистрација на е-весник,
  • За следење, анализа, одржување, развој и подобрување на функционалностите на веб страната,
  • За комуникација на chat.

 

Како ќе ги користиме вашите лични податоци

НЛБ Фондови АД Скопје ги собира вашите лични податоци за да може да изработи пристапница и барање за инвестирање во инвестициски Фондови и истото го внесе во систем, да ви отвори сметка во фондот, да изврши ажурирање на вашите податоци, сметководствено да го евидентира вложувањето и да врши исплати.

 

Вашите лични податоци, освен од НЛБ Фондови АД Скопје, се обработуваат од трети страни кои применуваат соодветни технички и организациски мерки со кои се обезбедува безбедноста на личните податоци. Хостирањето и чувањето на Вашите лични податоци се одвива во MojDenar софтверот кој е лоциран на cloud во Хрватска и Metricity софтверот кој е лоциран во Германија.

 

Во одредени случаи, предвидени со Закон, вашите лични податоци може да бидат откриени и на Управата за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам, Комисијата за хартии од вредност и Депозитарната банка.

 

При користење на услугите на која било трета страна, НЛБ Фондови АД Скопје ќе се осигура дека третата страна ќе обезбеди соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, како што се бара во Законот за заштита на личните податоци.

 

Категории на корисници на лични податоци  

Обработката на личните податоци во процесите на НЛБ Фондови АД Скопје поврзани со услугите и производите, вклучувајќи и оние податоци кои се достапни преку веб-страницата на НЛБ Фондови АД Скопје се извршуваат од страна на вработени лица во НЛБ Фондови АД Скопје кои се одговорни и овластени за вршење на овие услуги и производи.

 

Ние во НЛБ Фондови АД Скопје не споделуваме податоци за вас или за вашата посета на нашата веб-страница, на трети лица, освен во случај на:

  • Ангажирање на даватели на услуги, кои НЛБ Фондови АД Скопје ги ангажира како обработувачи во согласност со Законот за заштита на личните податоци единствено само доколку обезбедуваат гаранција за примена на соодветни технички и организациски мерки на таков начин на кој обработката на личните податоци ќе се одвива во согласност со овој закон и дека обезбедуваат заштита на вашите права (на пример: услуги од информатичка технологија, услуги за информирање за потребата од ажурирање на вашите лични податоци согласно закон, услуги за архивирање, услуги за обработка на трансакции со картички, правни лица кои имаат дозвола за приватно обезбедување);
  • Информации во НЛБ Групација поради цели за известување на групациско ниво заради носење на стратегиски одлуки во рамки на Групацијата;
  • Барање на правосудните или други надлежни државни органи, институции и други субјекти и тела за вршење на нивните надлежности и тоа само во случај ако постои законски основ (на пример: Народна Банка на Република Северна Македонија; Агенција за заштита на личните податоци, Управа за јавни приходи, Управа за финансиско разузнавање, Државна комисија за спречување на корупцијата, нотари, извршители и сл.);

 

Време (рок) на чување на собраните податоци

Периодот на чување на личните податоци се разликува во зависност од видот и целта на обработката на личните податоци. Одредени податоци се чуваат 10 години или подолго по завршувањето на деловниот однос или извршувањето на трансакцијата. Податоците базирани на доброволна согласност се чуваат се до повлекување на согласноста.

 

Ние ги чуваме личните податоци собрани на настани (конференции, состаноци, предавања, наградни игри, патувања) во согласност со важечките закони и правила на настани или до повлекување на согласноста.

 

Доколку добиеме барање за бришење податоци, ние ќе го извршиме барањето, ограничувајќи ја обработката на податоците само за целите што произлегуваат од важечките регулативи или нашите внатрешни правила.

 

Ако личните податоци се анонимни, т.е. не можат да бидат поврзани со идентификувано лице, таквите податоци можат да се чуваат и обработуваат без фиксен период на чување.   

 

Како ги обработуваме вашите лични податоци?

Вашите лични податоци кои се собираат преку нашата веб-страница, апликациите и другите видови и начини на комуникација, ги обработуваме само кога имаме законска причина, цел и правен основ за тоа. Притоа, законитоста се утврдува врз основа на целите заради кои ги собираме вашите лични податоци, а истата се обезбедува доколку е исполнет најмалку еден од следните услови:

  • Согласност- Во одредени случаи ќе ни биде потребна вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци. Во таков случај, ние може да ги користиме вашите лични податоци само за целта за која од вас сме ја добиле согласноста. На пример, нас ни е потребна согласност за обработката на вашите лични податоци за цели на директен маркетинг. Доколку сте се согласиле на ваков тип на комуникација и обработка, Вие имате право да ја повлечете Вашата претходно дадена согласност за примање на овие пораки за директен маркетинг во секое време на едноставен начин, по што веднаш ќе запре обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.
  • Договор - Во одредени случаи обработката на вашите лични податоци ќе биде потребна за исполнување на деловен однос, каде Вие сте договорна страна, или пак за да се преземат активности на ваше барање пред пристапување кон потпишување на пристапните документи.
  • Законска обврска - Во одредени случаи ние како контролор имаме законска обврска да ги обработуваме Вашите лични податоци, како што е на пример, случај кога воспоставуваме деловен однос со Вас како наш клиент согласно закон.

 

Кои се вашите права?

Право на пристап – имате право да добиете потврда за тоа дали се обработуваат вашите лични податоци, како и да добиете пристап до вашите лични податоци и дополнителни информации кои се однесуваат на обработката на личните податоци.

 

Право на исправка - доколку сметате дека било кои лични податоци кои ги собираме се неточни или нецелосни, имате право да побарате и добиете исправка на неточните податоци или дополнување на нецелосните лични податоци.

 

Право на бришење – имате право да побарате да се избришат вашите лични податоци, а ние тоа барање ќе го прифатиме доколку личните податоци повеќе не се потребни за исполнување на целите, доколку приговорите на обработката и не успееме да докажеме дека нашиот легитимен интерес е поголем од вашите основни слободи и права, и доколку личните податоци се обработуваат незаконски.

 

Право на преносливост – имате право да ги добиете вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имате право да ги пренесете тие податоци на друг контролор. При остварување на правото на преносливост, вие имате право да добиете директен пренос на личните податоци од еден контролор на друг, ако тоа е технички возможно.

 

Право на ограничување на обработката на вашите лични податоци – имате право да побарате обработката да запре додека се утврдува точноста на податоците, додека се проверува дали легитимниот интерес преовладува над вашите основни права и слободи и слично.

 

Ако сеуште сметате дека вашите лични податоци не се обработуваат во согласност со Законот, може да ја исконтактирате Агенцијата за заштита на личните податоци и да поднесете барање до нив.

 

Вашите права може бесплатно да ги остварите контактирајќи го нашиот офицер: Стефана Хаџи Спасова на следниот е- mail:  stefana.spasova@nlbfondovi.mk, на телефонскиот број 02 6090 300 или лично во просториите на НЛБ Фондови АД Скопје на бул. Партизански одреди број 14 А, 1/2, а ние ќе ви одговориме во рок од 30 дена.

 

За дополнителни информации или остварување на Вашите права за заштита на личните податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци на e-mail: stefana.spasova@nlbfondovi.mk.

 

Поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци

Државен орган, кој е надлежен да врши надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија, како и заштита на темелните права и слободи на физичките лица во однос на обработката на личните податоци е Агенцијата за заштита на личните податоци – www.azlp.mk.

 

Доколку сметате дека обработката која ја вршиме на вашите лични податоци ги прекршува прописите за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.

 

Промена на Политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности согласно закон.

Стапете во контакт со нас

<p>Закажете термин за консултација</p>

Закажете термин за консултација

Одберете експозитура од НЛБ Банка и закажете термин што ви одговара

<p>Контактирајте нè</p>

Контактирајте нè

Секогаш достапни за вашите прашања

<p>Јавете се на 02 60 90 300</p>

Јавете се на 02 60 90 300

Или внесете го вашиот телефонски број и ние ќе ве контактираме