Инвестициски можности
ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
ИНДИВИДУАЛНО УПРАВУВАЊЕ
КОМБИНИРАНИ ПРОИЗВОДИ
Известување за инвеститорите во фондовите од НЛБ Фондови
НЛБ Фондови АД Скопје, Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, со адреса на бул. Партизански одреди бр.14А, Скопје, управува со НЛБ БРИК - акциски фонд, НЛБ Америка – акциски фонд, НЛБ Кеш Депозит – паричен фонд, НЛБ Топ Брендови – комбиниран фонд и НЛБ Обврзници - обврзнички фонд.
Статутот, Проспектот, годишните, полугодишните извештаи како и сите информации поврзани со фондовите се достапни на оваа интернет страница како и во седиштето на Друштвото.
Податоците кои се содржани во Проспектот, заедно со одредбите од Статутот на секој фонд, со којшто се уредуваат правните односи на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје со сопствениците на удели во Фондот, создаваат правна целина која ги содржи сите потребни информации, врз основа на кои потенцијалните вложувачи можат да донесат разумна одлука за вложување во фондот.
Пред донесувањето на одлука за вложување, секој потенцијален инвеститор е должен внимателно да ги прочита одредбите од Проспектот и Статутот, со цел да дознае за каков вид на вложување станува збор, како и за ризиците поврзани со вложувањето во фондот.
Приносот од минатото има информативен карактер и не претставува индикација за можен принос во иднина. Промената на вредноста на уделот на секој фонд во голема мера зависи од состојбата на пазарите на капитал. Како што вредноста на уделот може да расте или да опадне, така и идните приноси може да бидат повисоки или пониски отколку оние во минатото. Постои можност дека инвеститорите нема да може да ги добијат сите средства кои ги вложиле во фондот додека трае периодот на инвестирање. Пресметките ги исклучуваат трошоците кои се наплатуваат од инвеститорот, кои инаку би ја намалиле презентираната стапка на принос.
Надоместоците кои се наплатуваат од инвеститорот во Фондот се: влезен надоместок кој се одбива од износот за уплата во моментот на продажбата на уделите и излезен надоместок кој се одбива од нето вредноста на имотот на отворениот фонд по удел во моментот на откуп, доколку не се исполнат условите за вложување. Највисоката стапка на влезен и излезен надоместок изнесува 5%, а најниската стапка на влезен и излезен надоместок изнесува 0%.
Индикатор на синтетички ризик и принос
| НЛБ Кеш Депозит | 1 |
| НЛБ Топ Брендови | 5 |
| НЛБ Америка | 5 |
| НЛБ БРИК | 6 |
| НЛБ Обврзници | 2 |
Индикаторот за синтетички ризик и принос го прикажува соодносот на потенцијалниот ризик и потенцијалниот принос на инвестициите во фондот врз основа на флуктуацијата на вредноста на уделот во изминатите години. Историските податоци кои се користат при пресметување на индикаторот не се показател за идниот принос на фондот. Нема гаранција дека ризичната класа ќе остане стабилна и може да се менува со текот на времето. Ризикот и приносот може да се променат со текот на времето. Најниското ниво на скалата не значи инвестиција без ризик.