Инвестициски можности
ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
ИНДИВИДУАЛНО УПРАВУВАЊЕ
КОМБИНИРАНИ ПРОИЗВОДИ
Одговорот зависи од износот на почетната уплата, од постепените уплати, од периодот на штедење и од очекуваната годишна стапка на принос.
Доколку веќе имате заштеден поголем износ, можете да изберете еднократна уплата. Еднократната и постепената уплата може и да се комбинираат.
За комбинација од акциски и обврзнички инвестиции со избрана очекувана стапка на принос, се земаат предвид 10% од најлошите избрани периоди во 120-годишната историја на американската берза и светскиот пазар на обврзници.
За комбинација од акциски и обврзнички инвестиции со избрана очекувана стапка на принос, се зема предвид просечната реална стапка на принос во 120-годишната историја на американската берза и светскиот пазар на обврзници.
За комбинација од акциски и обврзнички инвестиции со избрана очекувана стапка на принос, се земаат предвид 10% од најдобрите избрани периоди во 120-годишната историја на американската берза и светскиот пазар на обврзници.
Претставените сценарија се проценка на можни идни резултати врз основа на историските податоци за движењето на вредноста на инвестицијата и/или тековните пазарни услови и не претставуваат точен показател за идни приноси. Минатата успешност не гарантира идни приноси. Реалните приноси што ги остварува инвеститорот може да се разликуваат од очекуваните, а конечниот резултат зависи од успехот на пазарот и времето на вашата инвестиција.
Сите пресметки се од информативен карактер. Приносите се пресметани како геометриска средина на долгорочни историски приноси и вклучуваат трошоци поврзани со инвестирање во фондовите на НЛБ Фондови (без директните трошоци - влезни и излезни провизии). Влезните и излезните провизии го намалуваат прикажаниот принос. Висината на данокот кој ќе се пресметува врз инвестицијата исто така го намалува прикажаниот принос и зависи од периодот на штедење и личните околности, а во иднина може да се промени. Приносите не се гарантирани и зависат од движењето на капиталните пазари каде вложуваат фондовите и од начинот и времето на штедењето.
Избор од 5 инвестициски фондови за различни инвестициски цели
Без разлика дали целите кон повисоки приноси на долг рок, барате посигурен пристап на инвестирање или сакате да ги искористите можностите на светските пазари, можете да изберете фонд што најдобро се вклопува во вашите финансиски цели и вашата толеранција на ризик.