Инвестициски можности
ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
ИНДИВИДУАЛНО УПРАВУВАЊЕ
КОМБИНИРАНИ ПРОИЗВОДИ
При инвестирањето, најголемата пречка многу често се токму нашите сопствени одлуки. Доколку ги препознаете грешките во сопствениот начин на размислување, ќе можете да ги избегнете најчестите замки.
Справување со стравот од загуба
Стравот е природен дел од инвестирањето, но доколку преовладее, може да доведе до непромислени одлуки и непотребни грешки. Со разбирање на основните правила на инвестирањето и со препознавање на најчестите замки, можете да носите подобри одлуки и поефикасно да го заштитите својот имот.
Инвестирањето на пазарите на капитал е долгорочен процес кој бара внимателен и промислен пристап. Но дури и најдобрите инвеститори не се имуни на систематски грешки, кои ги проучуваат однесувањето со финансиите. Станува збор за одлуки што често ги носиме под влијание на емоции, претходни искуства или однесувањето на мнозинството – а кои на долг рок ја намалуваат приносноста.
Собравме неколку од најчестите психолошки замки и предложивме решенија како да ги препознаете и да ги избегнете:
Во периоди на пад на берзанските цени може да нè обземе страв од уште поголеми загуби, а во време на раст – алчност и чувство дека пропуштаме големи добивки. Ова често води кон панични продажби или импулсивни купувања кои не се во согласност со нашата поставена инвестициска стратегија.
🟡 Решение: Поставете си долгорочна цел. Вашите инвестициски одлуки секогаш треба да се темелат на таа цел – а не на моменталното расположение. Обидете се да избегнувате продажби по падови, кога всушност може да има смисла дополнително да се инвестира, како и купувања по високи растови, кога имате чувство дека пропуштате потенцијални добивки.
Доколку инвестирате средства кои ќе ви бидат потребни во блиска иднина за покривање на неопходни трошоци што не можат да се одложат, или ако тие средства претставуваат многу голем дел од вашите вкупни финансии, секој пад на берзите ќе претставува сериозен стрес. Ова често води кон брзи и несоодветни реакции (продажби веднаш по падовите) и како последица, слаби резултати од инвестирањето.
🟡 Решение: Инвестирајте само онолку средства колку што можете да си дозволите да не ви бидат потребни во целиот период што сте го дефинирале како ваш инвестициски хоризонт. Создадете безбедносна резерва за покривање на неопходните животни трошоци и итни инвестиции, а средствата наменети за дисциплинирано инвестирање зголемувајте ги во текот на целиот период, независно од краткорочните осцилации на финансиските пазари.
Минатите приноси воопшто не се показател за идните резултати. Изборот на фондови кои во минатото оствариле највисоки приноси често води кон преземање преголем ризик и до слаби инвестициски резултати.
🟡 Решение: Изберете фондови што одговараат на вашиот инвестициски хоризонт, односот кон ризикот што сте спремни да го прифатите и очекуваниот принос. При изборот на фонд, не се водете од минатите резултати.
Преголемата изложеност кон една индустрија, географски регион или вид на инвестиција носи поголем ризик, бидејќи негативните настани можат посилно да влијаат врз вашето портфолио.
🟡 Решение: Распределете ги инвестициите меѓу различни географски региони, индустрии и видови средства (акции, обврзници). На тој начин ефикасно ја намалувате изложеноста на пазарниот ризик.
Луѓето по правило загубите ги чувствуваат многу посилно отколку добивките. Затоа една од важните грешки што треба да се избегне е носење одлуки за долгорочни инвестиции (на пр. 10 години) врз основа на краткорочни движења на берзите (на пр. во рамки на еден месец). Поради страв од краткорочни загуби, често избираме помалку ризични инвестиции кои носат помал принос и ги занемаруваме оние што во период од 10 години би донеле значително повисоки приноси.
🟡 Решение: Бидете дисциплинирани. Доколку штедите или инвестирате на долг рок, изберете фондови што на долг рок носат највисоки приноси (пред сè акциски фондови) и не обрнувајте внимание на можните краткорочни корекции.
Кога сите зборуваат за одредена инвестиција, најчесто веќе е доцна или инвестицијата е преголем ризик за вас.
🟡 Решение: Секоја инвестиција треба да биде прилагодена на вашите цели, односот кон ризикот што сте спремни да го прифатите и инвестицискиот хоризонт. Следете ја вашата поставена инвестициска стратегија и инвестирајте разумно. Како што рекол легендарниот инвеститор Ворен Бафет: „Бидете исплашени кога другите се храбри и бидете храбри кога другите се исплашени.“
Трошоците за инвестирање или лошо планираните даночни аспекти може значително да влијаат на вашиот конечен резултат.
🟡 Решение: Секогаш проверувајте ги трошоците за инвестирање и даночните последици од избраната инвестиција. Покрај трошоците при купување и продавање, не заборавајте на управувачката провизија, која за долгогодишен инвеститор претставува најголем трошок.
Само јасно поставена цел во однос на времето на инвестирање, очекуваниот принос или саканата заштедена сума и прифатливото ниво на ризик овозможува структуирано и успешно инвестирање.
🟡 Решение: Поставете конкретна цел (на пр. дополнителна заштеда за пензија, поголема набавка, да се заштеди одреден износ за потребите на децата) и временски рок. Со јасно дефинирана цел, полесно ќе ја изградите вашата инвестициска стратегија.
Однесувањето со финансиите не учи дека како инвеститори често не водат повеќе емоциите отколку фактите. Тоа не е ништо необично, но ако сме свесни за тоа, полесно можеме да ги контролираме.
Клучот за успех е промислено донесување одлуки, јасна стратегија и подготвеност емоциите да ги оставиме за другите аспекти на нашиот живот, а не за управувањето со нашето портфолио.
Помош при избор на инвестициска стратегија
Ако сакате да ги избегнете најчестите грешки при инвестирање, нашите искусни инвестициски советници можат да ви помогнат да креирате стратегија која одговара токму на вашите цели.
Посетете нè во нашите канцеларии или во најблиската експозитура од НЛБ Банка или контактирајте нè онлајн или по телефон.
Довербата не е случајност – таа се темели на стручност, долгорочно искуство и транспарентност при управувањето со вашите инвестиции.