Преминете кон содржината

Информации за достапност

Достапност на веб-страницата

Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови  НЛБ Фондови АД Скопје, се стреми веб-страницата да биде достапна за сите корисници, вклучително и за лица со различни форми на попреченост, во рамки на услугите за управување со финансиски инструменти.
 

При развојот и одржувањето на https://nlbfondovi.mk/, Друштвото ги следи актуелните стандарди за достапност и се труди да обезбеди што поудобно и пријатно корисничко искуство.

Состојбата на достапноста

Веб-страницата https://nlbfondovi.mk/ е претежно достапна за сите корисници, вклучително и за лица со попреченост. Содржините и функционалностите се подготвени во согласност со меѓународните упатства за достапност на веб-содржини и ги исполнуваат стандардите WCAG 2.2 (Web Content Accessibility Guidelines). Достапноста на веб-страницата одговара на ниво AA, со одредени исклучоци.

 

Страницата овозможува:

  • Страницата овозможува јасна и предвидлива навигација преку тастатура.

  • Содржината се прилагодува на различни екрани и е погодна за мобилни уреди (reflow).

  • Обезбедена е читливост на содржината со доволно контрасти на боите за поголем дел од елементите.

  • Текстовите се напишани на јасен и разбирлив јазик, со соодветна структура и големина на фонтот.

  • Овозможено е управување преку различни методи на внесување (допир, влечење, зголемено целно поле).

  • Сите интерактивни елементи имаат доволно целно подрачје за корисници со посебни потреби.

  • Обезбедена е структура преку соодветна употреба на наслови (H1–H6) и помошни ознаки.

  • Страницата е компатибилна со читачи на екран, вклучително и поголемиот дел од објавените документи во PDF формат.

  • На поголемиот дел од формуларите е обезбедена соодветна идентификација на грешки и поддржувачки пораки.

  • Фокусот на тастатурата е претежно видлив и предвидлив, со одредени исклучоци кои се во процес на отстранување.

 

Причините за претежно усогласување се технички ограничувања во структурата на главното мени, недостасувачки ALT описи кај одредени слики, невидливи фокуси во некои случаи и недостатоци во семантичкото означување на формулари. Овие недостатоци не влијаат значително врз целокупното корисничко искуство и ќе бидат отстранети во рамките на планираните надградби.

 

Ограничувања и можни подобрувања

И покрај нашите напори веб-страницата да биде достапна за сите, можни се одредени ограничувања. Некои од нив се:

  • PDF документи: Некои PDF документи не се соодветно прилагодени за помошни технологии (на пр. читачи на екран), што може да отежни пристап до содржината.

  • Контрасти на боите во некои постари модули.

  • Комплексни интерфејси за инвестирање и тргување со хартии од вредност.

  • Ориентација на екранот кај одредени мобилни функции.

Прилагодувањата што во моментов не се можни поради технички причини ќе бидат реализирани при идните надградби.  

 

Ако забележите некој проблем што не е наведено овде, слободно контактирајте не на info@nlbfondovi.mk или на 02 60 90 300.

 

Достапност на мобилнa апликациja

Друштвото НЛБ Фондови овозможува користење на мобилната апликација NLB Fondovi MKD единствено за услугата управување со инвестициски фондови.

 

За услугата управување со финансиски инструменти, за која Друштвото НЛБ Фондови е обврзано да обезбеди достапност за лица со попреченост, користењето на мобилната апликација NLB Fondovi MKD не е овозможено и не е поддржано.

Повратни информации и контакт

Вашите повратни информации за достапноста на веб-страницата се добредојдени. Ако наидете на проблеми или имате предлози за подобрувања, можете да не контактирате на:

  • Е-пошта: info@nlbfondovi.mk

  • Поштенска адреса: НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди 14А, 1000 Скопје

  • Телефон: 02 60 90 300

Ќе одговориме најдоцна во рок од 8 дена. Ако тоа не е можно, ќе ве известиме за причината и за очекуваниот рок за одговор.

Подготовка на изјава за достапност

Оваа изјава е изготвена на 10 февруари 2026 година врз основа на внатрешна самооценка.