Инвестициски можности
ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
ИНДИВИДУАЛНО УПРАВУВАЊЕ
КОМБИНИРАНИ ПРОИЗВОДИ
НЛБ Фондови АД Скопје е посветено на законито, етичко и транспарентно работење и обезбедува механизми за безбедно и доверливо пријавување на незаконито, неетичко или друго недозволиво постапување кое може да го повреди или загрози јавниот интерес, интересите на Друштвото, неговите клиенти, инвеститори или вработени. Во таа насока, на вработените, надворешните соработници и другите лица им е овозможено безбедно и доверливо да пријават сомневање за штетно однесување, при што Друштвото обезбедува нивна заштита во согласност со Законот за заштита на укажувачите и интерните акти на Друштвото.
Кој може да поднесе пријава?
Пријава може да поднесе секое лице кое има сознание или разумно сомневање за незаконито, неетичко или друго недозволиво постапување.
Што претставува штетно однесување?
Штетно однесување претставува секое дејствие или пропуст од страна на одредено лице кое:
може да предизвика имотна или неимотна штета за Друштвото или за НЛБ Групацијата,
е спротивно на важечките прописи, интерни акти и општи начела,
е во спротивност со добрите деловни практики и етичките стандарди.
Што може да се пријави?
Пријава може да се поднесе за:
прекршување на законски и подзаконски прописи;
прекршување на интерни акти, политики и процедури;
измама, корупција или злоупотреба;
судир на интереси;
злоупотреба на доверливи информации;
повреда на етички стандарди;
непочитување на правилата за усогласеност;
друго незаконито, неетичко или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува јавниот интерес или интересите на Друштвото.
Канали за пријавување
Пријава за сомнеж за штетно постапување може да се поднесе преку следните канали:
1. Електронска пошта за укажувачи: ukazuvaci@nlbfondovi.mk
2. Овластено лице за прием на пријави за штетно однесување: stefana.spasova@nlbfondovi.mk
3. Писмена пријава: Пријава може да се достави по пошта или лично на адресата:
НЛБ Фондови АД Скопје
ул. Водњанска бр. 1, 1000 Скопје
При доставување на писмена пријава, пликот треба да биде означен со:
„ДОВЕРЛИВО – ЗА ОВЛАСТЕНО ЛИЦЕ ЗА ПРИЕМ НА ПРИЈАВИ“
4. Лична пријава: Сомнеж за штетно однесување може да се пријави и лично, преку непосредна средба со Овластеното лице за прием на пријави.
5. Групациски канал за пријавување (NLB Whistleblower Portal)
Преку порталот може да се поднесе пријава со откриен или анонимен идентитет.
Надворешно пријавување
Лицата кои сакаат да пријават сомневање за штетно однесување имаат право да се обратат и до надлежни органи и институции во Република Северна Македонија, во согласност со важечките прописи за заштита на укажувачите.
Доверливост и заштита на укажувачите
НЛБ Фондови АД Скопје обезбедува:
доверливост на идентитетот на укажувачот и на информациите содржани во пријавата;
заштита на личните податоци;
заштита од одмазда, дискриминација или друг неповолен третман поради поднесување пријава во добра вера;
заштита на лицата поврзани со укажувачот во случаите предвидени со закон;
постапување по сите пријави во согласност со важечките прописи и интерните акти на Друштвото.
Сите пријави се разгледуваат со највисоко ниво на дискреција и професионализам.
Пријавувањето треба да биде направено со добра намера и врз основа на разумно уверување дека информациите содржани во пријавата се точни во моментот на нејзиното поднесување. Укажувачот не е должен однапред да ја докажува вистинитоста на пријавата.
За дополнителни информации во врска со пријавувањето и заштитата на укажувачите, можете да се обратите до Овластено лице за прием на пријави.