Преминете кон содржината

Зошто цените на акциите растат на долг рок?

Цените на акциите на долг рок растат затоа што растат и економиите. Компаниите ја зголемуваат продуктивноста и иновaciite, па на долг рок растат и добивките, а со тоа во слична мера растат и цените на акциите.
 

Вложувањето во акции или во акциски инвестициски фондови е всушност, вложување во економијата. Понекогаш во економиите доаѓа до економски застои кои негативно влијаат врз добивките од компаниите, со што паѓаат и цените на акциите. Тие застои обично се краткорочни или максимум среднорочни, но долгорочниот тренд на раст  е позитивен.

Поврзани прашања

Секој фонд со кој управува НЛБ Фондови ги вложува средствата во согласност со својата инвестициска политика на фондот, која внимателно ја избира соодветната инвестиција која има потенцијал за раст на пазарната вредност. Инвестициската политика на одреден фонд е детално опишана во Проспектот на фондот.

Прочитај повеќе

За пристап во фондовите можете да користите една од следниве опции: посета на експозитура од НЛБ Банка или во седиштето на друштвото НЛБ Фондови.

Прочитај повеќе

Инвеститорот нема влијание врз управувањето на фондот, бидејќи тоа се спроведува во рамките на однапред утврдена инвестициска политика, која инвеститорот ја прифаќа со потпишување на пристапница. Управувањето е исто за сите инвеститори, а нивното индиректно влијание се појавува само преку изборот фондови.

Прочитај повеќе