Инвестициски можности
ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
ИНДИВИДУАЛНО УПРАВУВАЊЕ
КОМБИНИРАНИ ПРОИЗВОДИ
Инвестициски фонд се здружени парични средства на поголем број инвеститори, кои се вложуваат во различни видови хартии од вредност, како што се акции и обврзници.
Наменет за оние кои сакаат да ги диверзифицираат своите инвестиции, да ја намалат изложеноста на пазарниот ризик и управувањето со своите средства да го препуштат на искусни експерти.
Секој фонд има своја инвестициска политика и се третира како одделен имот. Тоа значи дека средствата и обврските на секој фонд се одвоени од другите фондови и од средствата на друштвото за управување и на доверителот на фондот.
Инвеститорот може да пренесува средства меѓу фондовите без да се пресметува данок на капитална добивка, што се нарекува одложување на даночната обврска.
За повеќето поединци, вложувањето во инвестициски фонд е едноставен и ефикасен начин за инвестирање на капиталните пазари, бидејќи овозможува широка диверзификација и професионално управување со инвестициите.
Секој фонд со кој управува НЛБ Фондови ги вложува средствата во согласност со својата инвестициска политика на фондот, која внимателно ја избира соодветната инвестиција која има потенцијал за раст на пазарната вредност. Инвестициската политика на одреден фонд е детално опишана во Проспектот на фондот.
Прочитај повеќеЗа пристап во фондовите можете да користите една од следниве опции: посета на експозитура од НЛБ Банка или во седиштето на друштвото НЛБ Фондови.
Прочитај повеќеИнвеститорот нема влијание врз управувањето на фондот, бидејќи тоа се спроведува во рамките на однапред утврдена инвестициска политика, која инвеститорот ја прифаќа со потпишување на пристапница. Управувањето е исто за сите инвеститори, а нивното индиректно влијание се појавува само преку изборот фондови.
Прочитај повеќеSeznam za primerjavo je prazen
Na primerjalnem seznamu ni shranjenih izračunov. Za primerjavo morate dodati nekaj izračunov.