Преминете кон содржината

Колкав период на инвестирање во инвестициски фондови се препорачува?

Периодот на штедење зависи од видот на фондот што ќе го изберете.
 

Акциските инвестициски фондови имаат поголеми краткорочни осцилации на вредноста, па затоа кај нив постои поголем ризик очекуваниот принос да не се оствари на пократок рок. Поради тоа, кај акциските фондови се препорачува подолг период на штедење – најмалку 5 години.
 

Обврзничките инвестициски фондови, пак, имаат помали дневни осцилации и се попогодни и за пократок период на штедење, односно најмалку 3 години.

 

Паричните инвестициски фондови се наменети за краткорочно штедење и управување со ликвидни средства. Тие имаат најниско ниво на ризик и се соодветни за периоди од неколку месеци до 1 година.

Поврзани прашања

Секако! Малолетните лица можат да инвестираат во инвестициските фондови, при што сите трансакции се извршуваат од нивните законски застапници. Затоа што претежно има можност за подолг временски хоризонт на вложување, погодно е да се уплаќа во акциски фондови.

Прочитај повеќе

За физички лица, потребно е: документ за идентификација (лична карта или пасош) и трансакциска сметка. За правни лица: тековна состојба, тековна состојба на вистински сопственици, документ за лична идентификација на овластените лица / вистинскиот сопственик, нотарски заверено полномошно ако пристапот кон фондовите не го прави законскиот застапник на правното лице.

Прочитај повеќе

Со долгорочно инвестирање и со правилен избор на фондови. Намалување на пазарниот ризик може да се постигне и со постепени уплати преку програмиран план, но тоа, за жал, значи и понизок очекуван принос (помал ризик = помал очекуван принос).

Прочитај повеќе