Преминете кон содржината

Постепени уплати

Можност за вложување во инвестициски фондови со помали износи.

Програмирани планови

Знаете ли дека со само 2.000 денари месечно можете да вложувате во акции на водечки светски компании како Apple, Microsoft, Nvidia, Amazon? Не ви требаат никакви познавања на финансиските пазари - искусни финансиски аналитичари и портфолио менаџери ги извршуваат тие задачи за вас.

Трошоци за влез при програмирани уплати

Влезниот надоместок за издавање на удели при креирање на Програмиран план кој има дефиниран износ се пресметува и наплатува заедно со првата уплата за вкупно договорениот износ на планот, согласно следната табела:
 

Вкупен износ на планот во денариСтапка на влезен надоместок
126.0005%
156.0004%
206.0003%
246.0002,5%
306.0002%
606.000 и повеќе1%

Минималниот паричен износ за купување на удели преку програмирана уплата изнесува 500 денари.

Предности

Програмираните планови со постепени уплати  нудат значајни предности:

  • Овозможува уплата на ниски износи
  • Одлична заштита од големи корекции на тековните пазарни настани.
  • Многу е флексибино (инвеститорот не е обврзан да врши редовни плаќања, а износот е флексибилен),
  • Повисоки приноси од класичните методи на штедење.

Недостатоци

Можни недостатоци на програмираните планови:

  • Помал принос на почеток: Бидејќи средствата постепено влегуваат во фондот, почетниот ефект врз долгорочниот принос е помал отколку кај една поголема уплата, особено во периоди на раст на пазарот.
  • Повеќе време до забележлив резултат: Постепеното штедење бара повеќе трпение, бидејќи средствата се акумулира бавно, а ефектите од сложената камата се видливи после подолг период.
  • Потребна е дисциплина: За инвестирањето да биде навистина ефикасно, важна е доследност. Пропуштени месечни уплати или предвремени повлекувања можат да ја намалат очекуваната корист.

Зошто постепени уплати со НЛБ Фондови - Програмиран план?

  • Едноставен начин на инвестирање.
  • Пристап до вложените средства во секое време.
  • Можност за инвестирање со помали износи.
  • Намален ризик од влегување на пазарот во непогоден момент.

За кого е наменет?

  • За инвеститори кои сакаат постепено да штедат во инвестициски фондови.

  • Погоден за секој  – од најмладите до многу конзервативните инвеститори.

  • За инвеститори кои сè уште немаат поголем износ на финансиски заштеди.

За која цел?

За кој било намена, а особено за:

  • дополнителна пензија,

  • детско штедење,

  • поголеми купувања,

  • дополнителни финансиски резерви,

  • остварување на други долгорочни штедни цели.

Динамика на уплати

Не е дефинирана, бидејќи овој тип на инвестирање може да се прилагоди според можностите и потребите на инвеститорот.

Месечните уплати во НЛБ Фондови преку програмиран план со траен налог се докажа како најпрактична и најчеста опција меѓу инвеститорите.

Ликвидност

Барањето за откуп (исплата) на заштедените средства може да се поднесе во било кое време од (од понеделник до петок 9 - 15h), во која било експозитура од НЛБ Банка или во канцелариите од НЛБ Фондови.

Парите се префрлаат на трансакциска сметка на инвеститорот најдоцна во рок од пет работни дена од денот на поднесување на барањето за исплата.

Постепените уплати се особено погодни за:

Лица кои вложуваат за долгорочни финансиски цели (на пример за дополнителна пензијата, образование на децата, поголеми купувања)
Лица кои сакаат да го намалат влијанието на пазарните корекции - со редовни месечни уплати избегнуваат ризик од непогоден момент за влез
Лица кои за штедење одвојуваат помали месечни износи месечно
Лица кои сакаат да создадат долгорочни штедни навики

Корисни пресметки

На едно место проверете колку можете да заштедите, колкава е денешната вредност на вашата инвестиција и како се менувала со текот на времето – корисни пресметки за паметни финансиски одлуки.

Инвестициски маратон

Инвестирањето е маратон, не спринт. Често забораваме дека целта не е на првиот километар, туку на долгата патека. Акциите можат краткорочно да се менуваат, но историјата покажува: трпението се исплаќа.

Контакт

Закажете состанок - заедно ќе го пронајдеме најдоброто решение за вас.