Инвестициски можности
ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
ИНДИВИДУАЛНО УПРАВУВАЊЕ
КОМБИНИРАНИ ПРОИЗВОДИ
Сите уплати на сметка на инвестициски фонд, извршени без претходно дефинирана динамика. Погодни за инвеститори кои веќе располагаат со поголема заштедена сума.
Кога инвеститорот еднократно уплаќа средства, процентот на влезниот надоместок се пресметува во зависност од износот на уплатените средства, согласно следната табела:
| Износ во денари | Стапка на влезен надоместок |
| од 0 до 299.999 | 3 % |
| од 300.000 до 599.999 | 2,5 % |
| од 600.000 до 999.999 | 2 % |
| од 1.000.000 до 2.999.999 | 1 % |
| 3.000.000 и повеќе | 0,5 % |
* Нема утврден минимален паричен износ за купување на удели преку еднократна уплата.
Главната предност е што инвеститор кој веднаш вложува поголема сума, на пример 10.000 EUR, може да очекува повисок долгогодишен принос отколку оној кој ќе вложува по 1.000 EUR во текот на десет квартали.
Недостаток на еднократната уплата е што инвеститорот презема поголем ризик ако пазарот се движи неповолно (на пример пред голем пад на цените на хартиите на берзата), за разлика од постепеното штедење.
Корисни пресметки
На едно место проверете колку можете да заштедите, колкава е денешната вредност на вашата инвестиција и како се менувала со текот на времето – корисни пресметки за паметни финансиски одлуки.
Инвестициски маратон
Инвестирањето е маратон, не спринт. Често забораваме дека целта не е на првиот километар, туку на долгата патека. Акциите можат краткорочно да се менуваат, но историјата покажува: трпението се исплаќа.
Сите информации со само еден повик – заедно ќе го пронајдеме најдоброто решение за вас.