Преминете кон содржината

Штедење за поубави пензионерски денови

Со редовни уплати, градите финансиска сигурност за време кога слободата ќе биде поважна од кога било. Дури и малите износи инвестирани внимателно и на долг рок можат да направат голема разлика.

Веќе од

1000 МКД / месечно

За безгрижен живот. Сега и во годините што доаѓаат.

Помош
Не сте сигурни како да започнете? Посетете ја најблиската експозитура од НЛБ Банка или јавете се на нашиот телефонски број 02 60 90 300.
Висока ликвидност
Парите се на вашата лична сметка најдоцна 5 работни дена по поднесувањето на барање за откуп.
Професионален менаџмент
Професионален тим со големо искуство во управувањето со средства.
Не е потребен голем износ
Големите успеси започнуваат со мали чекори.
Повисок принос
Поголем очекуван принос во споредба со традиционалните методи на штедење.
Едноставен начин на инвестирање и заштеда на време
Едноставно и брзо до висока диверзификација на инвестициите.

Што треба да знам?

За да го направите инвестирањето за вашата иднина – вклучувајќи ја и вашата потенцијална пензија – што е можно поефикасно, прво одвојте еден момент да размислите колку можете да издвоите месечно и колкав временски период сакате да инвестирате?

 

Со јасно поставени цели и реална проценка на вашите финансиски можности, ќе можеме да ви презентираме можни начини на инвестирање на состанокот, прилагодени на вашите желби и финансиски можности.

 

Можете да си помогнете со вашата одлука денес со пополнување на овој прашалник или читање на статијата „Како да изберете оптимална комбинација на фондови?“

 

Доколку размислувате да започнете со инвестирање за поубави пензионерски денови во нашите фондови, можете да го направите првиот чекор во најблиската експозитура од НЛБ Банка,  или во канцелариите од НЛБ Фондови.

 

Доколку одлучите да пристапите во некој од инвестициските фондови, предлагаме да ги понесете следните  документи со вас :

  • документ за идентификација (лична карта или пасош),
  • број на трансакциска сметка 

Доколку сакате да извршите дополнителни уплати во избраниот инвестициски фонд , едноставно префрлете го посакуваниот износ користејќи ги инструкциите на уплата наведени во барањето за купување.



Кога ќе одлучите да ги повлечете средства, посетете ја најблиската експозитура од НЛБ Банка или канцелариите од НЛБ Фондови. По потпишување на барањето за откуп на удели, средствата ќе бидат исплатени на личната трансакциска сметка најдоцна во рок од 5 работни дена.

Можете да инвестирате преку еднократна уплата, со постепени уплати во програмиран план за штедење  или со која било комбинација од двете опции.

Најдоброто време да се почне со штедење за пензионирање беше пред години. Второто најдобро време е сега.

Без разлика дали сте млади или веќе размислувате за пензионирање - штедењето секогаш се исплати. Дури и само 5 години редовно штедење во фондовите од НЛБ Фондови можат да направат значителна разлика во вашата иднина.

Период на инвестирање: 5 години
Месечна уплата: 10.000 МКД / месечно
Очекуван принос: ~710.000 МКД

Пресметајте колку можете да заштедите

Внесете го вашиот предвиден месечен износ кој планирате да го уплаќате, внесете почетен влог и изберете период на инвестирање. Пресметајте колку можете да заработите за само 5 години.

Започнете да инвестирате со НЛБ Фондови

Информирајте се околу инвестирањето во инвестициски фондови во нашите канцеларии, онлајн или во најблиската експозитура на НЛБ Банка, или јавете се на 02 60 90 300 за консултација.

Останати цели за заштеда

Детско штедење

Вашето дете има најмногу време пред себе - искористете го за да изградите сигурна финансиска иднина. Дозволете заштедите да растат секој месец, што еден ден ќе му овозможи безгрижно да преземе чекори кон независност.

Заштеда за поголеми купувања

Остварете ги вашите најголеми цели. Тука сме за да ви помогнеме да го остварите купувањето на нов автомобил, дом или патување од соништата.

Индивидуално управување

Штедете со визија за раст – долгорочно и паметно. Со правилен пристап, вашите пари остануваат заштитени и со време добиваат поголема вредност.