Инвестициски можности
ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
ИНДИВИДУАЛНО УПРАВУВАЊЕ
КОМБИНИРАНИ ПРОИЗВОДИ
За да биде што е можно поефикасно, прво одвојте еден момент да размислите: колку пари планирате да издвоите за оваа намена одеднаш или постепено и во кој временски рок сакате да ја постигнете вашата цел?
Со јасно дефинирана цел и реална проценка на вашите финансиски можности, ќе можеме да ви презентираме опции за штедење кои се прилагодени на вашите желби и планови.
Пополнете го овој прашалник или прочитајте ја статијата „Како да изберете оптимална комбинација на фондови?“ за да си помогнете при донесување на одлука.
Доколку размислувате да започнете со инвестирање во нашите фондови, можете да го направите првиот чекор во најблиската експозитура од НЛБ Банка, или во канцелариите од НЛБ Фондови.
За да пристапите во некој од инвестициските фондови, потребно е да ги понесете следните документи со вас :
Доколку правно лице пристапува во НЛБ Фондови треба да понесете:
Доколку сакате да извршите дополнителни уплати во избраниот инвестициски фонд , едноставно префрлете го посакуваниот износ користејќи ги инструкциите на уплата наведени во барањето за купување.
Кога ќе одлучите да ги повлечете средства, посетете ја најблиската експозитура од НЛБ Банка или канцелариите од НЛБ Фондови. По потпишување на барањето за откуп на удели, средствата ќе бидат исплатени на личната трансакциска сметка најдоцна во рок од 5 работни дена.
Можете да инвестирате преку еднократна уплата, со постепени уплати во програмиран план за штедење или со која било комбинација од двете опции.
Зошто да чекаш? Времето не чека.
Вашите 10.000 евра денес можат да станат 25.000 евра за 10 години ако инвестирате дополнителни 50 евра секој месец. Започнете денес - штедењето е трка на долги патеки.