Преминете кон содржината

Детско штедење

Со редовни месечни заштеди од 40 евра, можете да заштедите над 11.000 евра за 15 години и речиси 40.000 евра за 30 години. Вашето дете брзо расте, затоа не одложувајте и почнете да штедите за него уште денес.

Иднина што расте со нив

Наместо играчка, подари иднина

Едноставен начин на инвестирање и заштеда на време
Едноставно и брзо до висока диверзификација на инвестициите.
Висока ликвидност и флексибилност
Парите се на вашата лична сметка најдоцна 5 работни дена по поднесувањето на барање за откуп.
Не е потребен голем износ
Големите успеси започнуваат со мали чекори.
Професионален менаџмент
Професионален тим со големо искуство во управувањето со средства.
Транспарентноста е на прво место
За сите информации во врска со инвестициите, можете да контактирате со нашите инвестициски советници и во која било експозитура на НЛБ Банка.
Повисок принос
Поголем очекуван принос во споредба со традиционалните методи на штедење.

Што треба да знам пред да почнам да штедам за моето дете?

За да ги направите заштедите за вашето дете што е можно поефикасни, прво одвојте еден момент да размислите: Колку пари можете да издвојувате месечно за оваа намена и колку долго сакате да вложувате средства?

 

Врз основа на овие одговори, полесно ќе ги презентираме можните форми на заштеда на состанокот, прилагодени на вашите желби и финансиските можности на вашето семејство.

 

Можете да си помогнете со вашата одлука денес со пополнување на овој прашалник или читање на статијата „Како да ја изберете оптималната комбинација на фондови?“

Доколку размислувате да започнете со инвестирање за вашето дете во нашите фондови, можете да го направите првиот чекор во најблиската експозитура од НЛБ Банка,  или во канцелариите од НЛБ Фондови.

 

Доколку одлучите да пристапите во некој од инвестициските фондови, предлагаме да ги понесете следните  документи со вас :

  • ваш документ за идентификација (лична карта или пасош),
  • извод од матична книга на родени за детето,
  • број на трансакциска сметка од детето (доколку детето сè уште нема своја лична сметка, можете да му отворите една кога ќе посетите која било филијала на НЛБ).

Доколку сакате да извршите дополнителни уплати во избраниот инвестициски фонд , едноставно префрлете го посакуваниот износ користејќи ги инструкциите на уплата наведени во барањето за купување.



Кога ќе одлучите да ги повлечете средства, посетете ја најблиската експозитура од НЛБ Банка или канцелариите од НЛБ Фондови. По потпишување на барањето за откуп на удели (од двајцата родители - доколку средствата се повлекуваат додека е малолетно), средствата ќе бидат исплатени на личната трансакциска сметка од детето најдоцна во рок од 5 работни дена.

Можете да инвестирате за вашето дете преку еднократна уплата, со постепени уплати во програмиран план за штедење  или со која било комбинација од двете опции.

За подобра иднина на вашето дете

Инвестирањето за вашето дете денес значи нивна слобода утре – за факултет, автомобил или нивниот прв дом додека се впуштаат во своето патување кон независност.

 

Нашите експерти за инвестиции ќе ви помогнат да ја остварите вашата визија.

Пресметајте колку можете да заштедите

Внесете го вашиот предвиден месечен износ кој планирате да го уплаќате, внесете почетен влог и изберете период на инвестирање. Пресметајте колку можете да заработите за само 5 години.

Период на инвестирање: 5 години
Депозит: 250 евра / месечно
Очекуван принос: ~16.000 EUR
Започнете да инвестирате со НЛБ Фондови

Информирајте се околу инвестирањето во инвестициски фондови во нашите канцеларии, онлајн или во најблиската експозитура на НЛБ Банка, или јавете се на 02 60 90 300 за консултација.

Останати цели за заштеда

Штедење за поубави пензионерски денови

Пензијата можеби не е доволна. Започнете да штедите денес и погрижете се вашите пензионерски денови да ви донесат мир, а не стрес.

Заштеда за поголеми купувања

Остварете ги вашите најголеми цели. Тука сме за да ви помогнеме да го остварите купувањето на нов автомобил, дом или патување од соништата.

Индивидуално управување

Штедете со визија за раст – долгорочно и паметно. Со правилен пристап, вашите пари остануваат заштитени и со време добиваат поголема вредност.