Преминете кон содржината

Заштеда за поголеми купувања

Големите финансиски одлуки започнуваат со паметно планирање. Доволно е да започнете навреме и да штедите редовно – малите чекори водат до големи финансиски успеси.

Инвестирање што носи добивка

Професионален менаџмент
Професионален тим со големо искуство во управувањето со средства.
Помош
Не сте сигурни како да започнете? Посетете ја најблиската експозитура од НЛБ Банка или јавете се на нашиот телефонски број 02 60 90 300.
Висока ликвидност
Парите се на вашата лична сметка најдоцна 5 работни дена по поднесувањето на барање за откуп.
Не е потребен голем износ
Големите успеси започнуваат со мали чекори.
Повисок принос
Поголем очекуван принос во споредба со традиционалните методи на штедење.
Едноставен начин на инвестирање и заштеда на време
Едноставно и брзо до висока диверзификација на инвестициите.

Што треба да знам?

За да биде што е можно поефикасно штедењето за поголеми купувања, прво одвојте еден момент да размислите колку пари можете да издвоите секој месец и за колкав временски период сакате да ја постигнете вашата цел?

 

Со јасно дефинирана цел и реална проценка на вашите финансиски можности, ќе можеме да ви презентираме опции за штедење кои се прилагодени на вашите желби и планови.

Пополнете го овој прашалник или прочитајте ја статијата „Како да изберете оптимална комбинација на фондови?“ за да си помогнете при донесување на одлука.

Доколку размислувате да започнете со инвестирање во нашите фондови, можете да го направите првиот чекор во најблиската експозитура од НЛБ Банка,  или во канцелариите од НЛБ Фондови.

 

За да пристапите во некој од инвестициските фондови, потребно е  да ги понесете следните  документи со вас :

  • документ за идентификација (лична карта или пасош),
  • број на трансакциска сметка 

 

Доколку правно лице пристапува во НЛБ Фондови треба да понесете:

  • Тековна состојба
  • Тековна состојба на вистински сопственици
  • Документ за идентификација на овластените претставници / законските застапници

Доколку сакате да извршите дополнителни уплати во избраниот инвестициски фонд , едноставно префрлете го посакуваниот износ користејќи ги инструкциите на уплата наведени во барањето за купување.



Кога ќе одлучите да ги повлечете средства, посетете ја најблиската експозитура од НЛБ Банка или канцелариите од НЛБ Фондови. По потпишување на барањето за откуп на удели, средствата ќе бидат исплатени на личната трансакциска сметка најдоцна во рок од 5 работни дена.

Можете да инвестирате преку еднократна уплата, со постепени уплати во програмиран план за штедење  или со која било комбинација од двете опции.

Како до 50.000 евра за 10 години?

Со добро осмислена стратегија, можете да ја заштедите оваа сума во текот на 10 години за само 300 евра месечно.

Погодно за: купување автомобил, куќа, реновирање стан, свадба, патување низ целиот свет, ...
Професионално ја прилагодуваме вашата инвестиција на пазарните услови и вашите финансиски цели.
Без никакви обврски, со можност за плаќање по ваша желба.

Пресметајте колку можете да заштедите

Внесете го вашиот предвиден месечен износ кој планирате да го уплаќате, внесете почетен влог и изберете период на инвестирање. Пресметајте колку можете да заработите за само 5 години.

Започнете да инвестирате со НЛБ Фондови

Информирајте се околу инвестирањето во инвестициски фондови во нашите канцеларии, онлајн или во најблиската експозитура на НЛБ Банка, или јавете се на 02 60 90 300 за консултација.

Останати цели за заштеда

Детско штедење

Вашето дете има најмногу време пред себе - искористете го за да изградите сигурна финансиска иднина. Дозволете заштедите да растат секој месец, што еден ден ќе му овозможи безгрижно да преземе чекори кон независност.

Штедење за поубави пензионерски денови

Пензијата можеби не е доволна. Започнете да штедите денес и погрижете се вашите пензионерски денови да ви донесат мир, а не стрес.

Индивидуално управување

Штедете со визија за раст – долгорочно и паметно. Со правилен пристап, вашите пари остануваат заштитени и со време добиваат поголема вредност.