Инвестициски можности
ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
ИНДИВИДУАЛНО УПРАВУВАЊЕ
КОМБИНИРАНИ ПРОИЗВОДИ
НЛБ Кеш Депозит
паричен фонд
Се појави грешка
Ве молиме пробајте одново покасно.
Паричниот инвестициски фонд НЛБ Кеш Депозит овозможува повисоки приноси во споредба со класичните банкарски депозити. Вложените средства се распределуваат во повеќе домашни банки, со што се зголемува квалитетот и сигурноста на вложувањето.
Првенствено е наменет за вложувачи кои не сакаат своите средства да ги изложуваат на пазарни флуктуации и бараат сигурно и флексибилно вложување. Фондот е соодветен и за физички и за правни лица.
За правни лица, тој служи за краткорочно управување со тековни средства и создавање финансиски резерви, додека за физички лица нуди сигурно вложување со конкурентен принос, без орочување на средствата.
Основан на
15.09.2012
Вид на фонд
паричен
Платежна сметка
210-0636457806-70
Идентификациски број
9110000000097
Индикаторот за синтетички ризик и принос го покажува соодносот на потенцијалниот ризик и потенцијалниот принос на инвестициите во фондот врз основа на влуктуација на вредност на уделот во изминатите години
Ризична класа
Фондот е со ризична класа 1 од 7, што значи дека вложувањето носи мал ризик, но и понизок принос.
Сè на едно место – проверете ги трошоците и условите за вложување и изберете го начинот што најмногу одговара на вашите финансиски цели.
Во продолжение е прикажан преглед на главните видови ризици поврзани со вложувањето во фондот и нивниот степен на влијание, со цел вложувачите полесно да ја проценат соодветноста на вложувањето во однос на сопствениот ризичен профил.
| Вид на ризик | Степен на влијание |
| Пазарен ризик | Низок |
| Каматен ризик | Среден |
| Кредитен ризик | Низок |
| Ликвиден ризик | Среден |
| Валутен ризик | Низок |
| Ризик од промена на даночните прописи | Низок |
| Инфлација | Среден |
| Политички ризик | Висок |
Структурата на вложување во фондот може да се разликува од предвидената, но секогаш останува во рамките на правилата и ограничувањата утврдени во Проспектот на фондот.
Графиконот ја прикажува успешноста на фондот како процент на загуба или добивка по година за последните 10 години.
Приносот во минатото има информативен карактер и не претставува индикација за можниот принос во иднина. Приносот е пресметан од минатите податоци на вредноста на уделот во денари, со веќе одземени трошоци и надоместоци согласно Проспектот и Статутот. Методологијата за пресметка на историскиот принос е пропишана од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија. Фондот започна со работа на 15.09.2012 година.
Споредете ги карактеристиките на фондовите или пресметајте колку можете да заштедите со вложување.
Cоопштенија за јавноста