Преминете кон содржината

НЛБ Фондови со нова веб-страница

НЛБ Фондови ја лансира новата веб-страница, дизајнирана да им овозможи на инвеститорите побрз, поедноставен и поинтуитивен пристап до информации за инвестирање.

 

Со модерен изглед, подобрена навигација и појасна структура, посетителите сега можат лесно да ги пронајдат сите релевантни информации за инвестициските фондови, нивните карактеристики и перформанси.

 

Новата веб-страница овозможува и подобра прегледност на клучните податоци, како што се движењето на вредноста на уделите, ризикот и приносите на фондовите, со цел инвеститорите да можат да донесат поинформирани одлуки.

 

Со оваа дигитална надградба, НЛБ Фондови продолжува да ја унапредува транспарентноста, достапноста на информации и корисничкото искуство за сите свои клиенти и потенцијални инвеститори.

 

За повеќе информации, заинтересираните можат да се обратат во најблиската експозитура на НЛБ Банка, да ги посетат канцелариите на НЛБ Фондови или да се јават на следниов телефонски број 078 424 885.

 

Искористете ја оваа можност и започнете со инвестирање без дополнителни трошоци.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

09.03.2026

Инвестициски Пар - Инвестирајте без влезен надоместок до 10 мај 2026

Прочитај повеќе