Преминете кон содржината

Како се чуваат моите средства во НЛБ Фондови?

Средствата што ги вложувате во фондовите се чуваат на посебни сметки за секој фонд во депозитарната банка – НЛБ Банка, која ги води и контролира средствата во согласност со законските прописи и инвестициската политика на фондот.

 

Банката дејствува независно и исклучиво во интерес на вложувачите, а средствата на фондовите не влегуваат во имотот на банката и не можат да се користат за побарувањата на банката.

 

Средствата се користат за купување на хартии од вредност и други финансиски инструменти. Повеќето хартии од вредност се издадени во нематеријализирана форма и се евидентираат во Клириншко-депозитарното друштво (КДД) или во реномирани странски клириншко-депозитарни институции со кои банката има договор за соработка, што обезбедува нивна сигурност и заштита од кражба.

 

Во случај на паричниот фонд – НЛБ Кеш Депозит, средствата се вложуваат во краткорочни парични инструменти и депозити во банки, со што се овозможува низок ризик и висок степен на ликвидност, а сепак приносот обично е повисок од оној на класичните банкарски депозити.

 

Доколку депозитарната банка се смени или се раскине договорот, целиот имот на фондот се пренесува на ново избрана депозитарна банка, со цел непречено продолжување на управувањето со вашите заштеди.

Поврзани прашања

Да, фондот може да оди во ликвидација, но тоа се прави строго според законските правила. Во таков случај, средствата од фондот се продаваат, обврските се покриваат, а преостанатата вредност се распределува на инвеститорите според нивните удели. Инвеститорите секогаш се известуваат за текот и резултатот од ликвидацијата.

Прочитај повеќе

Средствата што ги вложувате во нашите фондови се строго одвоени од имотот на друштвото за управување и се под надзор на депозитарна банка. Тоа значи дека лошите резултати или евентуален стечај на НЛБ Фондови не влијаат директно врз вашите вложувања. Во случај на стечај или ако Комисијата за хартии од вредности ја одземе дозволата за работа на друштвото, управувањето со фондовите би било пренесено на друго друштво за управување, избрано од страна на Комисијата, со што вашите заштеди продолжуваат да се управуваат без прекин.

Прочитај повеќе