Преминете кон содржината

Дали инвестицискиот фонд може да оди во ликвидација?

Да, отворените инвестициски фондови можат да се ликвидираат, но ова се спроведува строго според законот и правилата на фондот. Ликвидацијата обично ја врши друштвото за управување, а ако тоа не е можно (на пример, поради стечај или одземање на дозволата), процесот го презема депозитарната банка или ликвидатор назначен од Комисијата за хартии од вредност.

 

При ликвидација, целиот имот на фондот се продава, се покриваат обврските кон доверителите, а остатокот од средствата се распределува на инвеститорите според нивниот удел во фондот. Во текот на постапката, трансакциите се извршуваат исклучиво за потребите на ликвидацијата, а сите вложувачи се навремено известени за текот и резултатот од процесот.

 

Со други зборови, ликвидацијата е регулирана и се спроведува на начин што вашите средства остануваат заштитени и се распределуваат фер.

Поврзани прашања

Вашите вложувања се чуваат на посебни сметки во НЛБ Банка, која постапува исклучиво во интерес на вложувачите. Средствата се користат за купување на хартии од вредност и други инструменти, а паричниот фонд НЛБ Кеш Депозит вложува во краткорочни депозити и парични инструменти за низок ризик и висока ликвидност. Доколку се смени депозитарната банка, имотот на фондот се пренесува на новата банка без прекин на управувањето со вашите средства.

Прочитај повеќе

Средствата што ги вложувате во нашите фондови се строго одвоени од имотот на друштвото за управување и се под надзор на депозитарна банка. Тоа значи дека лошите резултати или евентуален стечај на НЛБ Фондови не влијаат директно врз вашите вложувања. Во случај на стечај или ако Комисијата за хартии од вредности ја одземе дозволата за работа на друштвото, управувањето со фондовите би било пренесено на друго друштво за управување, избрано од страна на Комисијата, со што вашите заштеди продолжуваат да се управуваат без прекин.

Прочитај повеќе