Инвестициски можности
ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
ИНДИВИДУАЛНО УПРАВУВАЊЕ
КОМБИНИРАНИ ПРОИЗВОДИ
Инвестициските фондови не нудат загарантиран принос. Наместо тоа, кај нив се зборува за просечна очекувана годишна стапка на принос на долг рок, односно за принос што фондот би можел да го оствари во подолг временски период.
На долг рок, просечната очекувана годишна стапка на принос изнесува приближно:
6–8 % кај акциски инвестициски фондови,
2–3 % кај обврзнички инвестициски фондови,
4–5 % кај комбинирани инвестициски фондови.
Инвестициските фондови нудат повисок очекуван принос во споредба со банкарските депозити, но истовремено носат и повисоко ниво на ризик. Тоа значи дека инвеститорот прифаќа можност реалниот принос во текот на периодот на инвестирање да биде повисок или понизок од очекуваниот.
Повисокиот очекуван принос претставува надомест за преземање на дополнителен ризик во однос на ризикот кај банкарските депозити. Во одредени периоди, приносот може да биде и негативен, што значи дека постои можност инвеститорот да не го врати целиот вложен износ.
Приносот на поединечен инвестициски фонд во најголема мера зависи од движењата на капиталните пазари и од приносот на инвестициските класи во кои фондот најмногу инвестира, како што се акции или обврзници.
Приносот што можете да го очекувате зависи од типот на фондот и од тоа каде инвестира. Акциските фондови носат потенцијално повисок принос, но и поголем ризик, затоа што вложуваат во акции на компании. Комбинираните фондови (на пр. комбинација од акции и обврзници) обично нудат умерен однос помеѓу ризикот и приносот. Обврзничките фондови носат помал ризик и обично понизок, но постабилен принос. Паричниот фонд e наменет за инвеститори кои сакаат низок ризик и висока ликвидност.
Прочитај повеќеSeznam za primerjavo je prazen
Na primerjalnem seznamu ni shranjenih izračunov. Za primerjavo morate dodati nekaj izračunov.