Преминете кон содржината

Каков принос можам да очекувам при вложување во фондовите на НЛБ Фондови?

Приносот што можете да го очекувате зависи од типот на фондот и од тоа каде инвестира:

  • Акциските фондови носат потенцијално повисок принос, но и поголем ризик, затоа што вложуваат во акции на компании.

  • Комбинираните фондови (на пр. комбинација од акции и обврзници) обично нудат умерен однос помеѓу ризикот и приносот.

  • Обврзничките фондови носат помал ризик и обично понизок, но постабилен принос.

  • Паричниот фонд e наменет за инвеститори кои сакаат низок ризик и висока ликвидност. Тој инвестира главно во краткорочни парични инструменти и депозити во банки, со што се стреми да оствари повисоки приноси од класичните банкарски депозити, но со многу низок пазарен ризик.

 

Поврзани прашања

Инвестициските фондови не обезбедуваат загарантиран принос. Кај нив може да се зборува само за просечна очекувана годишна стапка на принос на долг рок. Бидејќи инвестициските фондови се поризични од банкарските депозити, инвеститорот го прифаќа пазарниот ризик приносот да биде повисок или понизок од очекуваниот, а тој може да биде и негативен. Приносот на поединечен инвестициски фонд во најголема мера зависи од општите движења и приносите на капиталните пазари, односно од инвестициските класи во кои фондот ги вложува своите средства.

Прочитај повеќе