Преминете кон содржината

Надеж за мир и дебито на SpaceX на берзата



Изминатата недела на берзите бевме сведоци на остар пресврт: во првата половина од неделата вредноста на акциите се намали поради стравот од ескалација на војната меѓу САД и Иран и објавувањето на високите податоци за инфлацијата. Сепак, подоцна пазарното расположение се подобри, а цените на акциите повторно пораснаа благодарение на обновените надежи за мир. Позитивниот тренд кулминираше со рекордното деби на SpaceX на берзата.

Индекс

Принос за една недела*                (05.06.2026 – 12.06.2026)

Принос за оваа година*     (31.12.2025 – 12.06.2026)

Свет - MSCI World+0,33%+10,54%
САД - S&P 500+0,29%+10,67%
Европа - DJ STOXX 600+1,73%+9,29%
Јапонија - Topix-2,03%+14,06%
Пазари во развој - MSCI Emerging markets-0,33%+25,07%

*вклучувајќи дивиденди, пресметано во евра

 

Извор: Bloomberg

Изминатата недела беше обележана со зголемена нестабилност на американскиот пазар на акции. Иако тргувањето во понеделник започна релативно мирно, веќе во вторникот, по вестите за нова ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран, берзанските индекси првично забележаа пад од неколку проценти. Сепак, до крајот на трговската сесија поголемиот дел од загубите беше надоместен, при што пазарот заврши со само минимални негативни поместувања. По објавувањето на податоците за високата инфлација, која изнесуваше 4,2%, пазарите и во средата останаа во црвената зона. Сепак, во четвртокот направија пресврт во позитивна насока и ја завршија трговската недела во „зелено“. Главниот американски индекс S&P500 ја затвори неделата за 0,33% повисоко од нејзиниот почеток, додека технолошки ориентираниот Nasdaq порасна за 0,29% (во евра). При крајот на неделата во јавноста излегоа вести за можен договор меѓу САД и Иран, иако информациите од различните страни често беа контрадикторни.

 

Во петокот започна тргувањето со акциите на компанијата Space Exploration Technologies, попозната како SpaceX. И покрај првично најавената цена од 135 долари, набрзо по отворањето на берзата таа скокна нешто над 176 долари, а при крајот на денот се стабилизираше меѓу 160 и 170 долари, со што вредноста на компанијата се проценува на околу 2.000 милијарди (2 трилиони) долари. Со оваа иницијална јавна понуда (IPO), компанијата собра 75 милијарди долари, што е најголема понуда на акции во историјата. Досега овој рекорд го држеше компанијата Saudi Aramco со собрани 29,4 милијарди долари, што значи дека SpaceX ја надмина оваа сума за повеќе од двојно. Сепак, SpaceX е само првата од големите компании кои се очекува да излезат на берзата годинава. Инвеститорите со нетрпение го очекуваат и котирањето на двата најголеми даватели на големи јазични модели – OpenAI и Anthropic.

 

Да ја погледнеме подетално инфлацијата која го предизвика падот на американскиот пазар во средата. На годишно ниво таа порасна на 4,2%, што е највисоко ниво во последните три години. Ова, во комбинација со релативно стабилниот пазар на труд во последните недели, би можело да го зголеми притисокот врз американската централна банка (ФЕД) да ги зголеми каматните стапки. Сепак, насоката на американската монетарна политика сè уште не е сосема јасна, со оглед на тоа што на чело на ФЕД има нов претседател. Првата одлука за каматните стапки, која ќе ни даде увид во идната монетарна политика, ќе биде донесена на 17 јуни, а пазарите очекуваат каматната стапка да остане непроменета. Ако подетално ги погледнеме податоците за инфлацијата, се гледа дека главен двигател се растот на цените на енергенсите и на храната. Базичната инфлација (Core CPI), која го исклучува ова влијание, изнесуваше 2,9%. Значи, инфлациските притисоци само делумно се прелеаја во останатите сегменти, што на централната банка ѝ остава малку простор да го почека крајот на енергетскиот шок пред повторно да ја оцени состојбата.

 

За разлика од САД, Европската централна банка (ЕЦБ) се одлучи за зголемување на каматните стапки, притоа зголемувајќи ги очекувањата за инфлацијата и намалувајќи ги прогнозите за економскиот раст. И покрај тоа, европските пазари ја завршија неделата за 1,73 процентни поени повисоко од нејзиниот почеток. Тие реагираа подобро на позитивните вести за односите меѓу САД и Иран отколку американските пазари, бидејќи Европа, поради својата голема зависност од увоз на енергенси, е поизложена на прекините во синџирите на снабдување предизвикани од оваа војна. Охрабрувачки беа и податоците од Германија, каде што индустриското производство, по мартовскиот пад, во април повторно забележа раст од 0,4% на месечно ниво.

 

Да го погледнеме и прегледот на случувањата на Истокот. Јапонскиот пазар на акции паѓаше во поголемиот дел од неделата, а индексот Topix ја заврши неделата за околу 2% пониско. Сепак, пред самиот крај на неделата и на јапонските акции им помогна веста за преговорите и можниот договор меѓу САД и Иран. Во петокот индексто TOPIX порасна за повеќе од еден процент, со што делумно ги ублажи загубите и негативното расположение што преовладуваше на почетокот од неделата. Имено, Јапонија е уште поизложена од Европа на проблемите во синџирите за снабдување со нафта: пред војната тие увезуваа дури 95% од нафтата од Блискиот Исток, од кои 93% минуваа низ сега затворениот Ормутски теснец.

 

 

Автор:
Miha Jazbec, 

Финансиски аналитичар

Тековни случувања на пазарот на капитал

Во нашите публикации ќе најдете анализи и коментари за актуелните случувања на капиталните пазари.

27.05.2026

Пазари во услови на инфлациски притисоци и геополитичка неизвесност

Прочитај повеќе