Преминете кон содржината

Промотивна понуда: Ослободување од влезен надоместок за програмирани инвестициски планови

НЛБ Фондови АД Скопје, во соработка со НЛБ Банка АД Скопје, ги информира сите постоечки и нови вложувачи дека во периодот од 25 септември до 25 декември 2025 година овозможува ослободување од плаќање на влезен надоместок за сите уплати во новосклучени програмирани инвестициски планови.

 

Промотивната понуда се однесува исклучиво на програмирани уплати во акциските фондови или комбинираниот фонд со кои управува Друштвото и не важи за еднократни уплати кои не се дел од програмиран план.

 

Промотивниот период започнува на 25.09.2025 година во 00:00 часот и трае до 25.12.2025 година во 23:59 часот.

 

За повеќе информации и детални услови, посетете ги канцелариите на НЛБ Фондови на бул. Партизански одреди бр. 14А/1-2, Скопје – Центар, или обратете се во најблиската експозитура на НЛБ Банка АД Скопје.

 

Искористете ја оваа поволност и започнете со планирано инвестирање – без дополнителни трошоци и со поглед кон вашата финансиска иднина.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

09.03.2026

Инвестициски Пар - Инвестирајте без влезен надоместок до 10 мај 2026

Прочитај повеќе