Преминете кон содржината

Што е управувачка провизија и како се наплаќа?

Управувачката провизија е надоместок што НЛБ Фондови го наплаќа за професионално управување со средствата на фондот. Со оваа провизија се покриваат трошоците за инвестициско одлучување, следење на пазарите, усогласеност со законските прописи, административни активности и секојдневно управување со портфолиото на фондот.

 

Управувачката провизија не се наплаќа директно од инвеститорот. Таа се пресметува и задржува на дневна основа од имотот на фондот и веќе е вклучена во нето вредноста на уделот.

 

Висината на управувачката провизија зависи од видот на фондот и е прецизно наведена во Проспектот и Статутот на секој поединечен фонд.

Поврзани прашања

Излезен надоместок се наплаќа само во посебни случаи – кога уделите се купени во промотивен период со ослободување од влезен надоместок, а се откупуваат во рок пократок од 365 дена. Во останатите случаи, не се наплаќа излезен надоместок.

Прочитај повеќе

Влезниот надоместок е надоместок што се наплаќа при купување на удели и се одбива од износот што го уплаќате. Неговата висина зависи од износот на уплатата или од вкупниот износ на програмираниот план.

Прочитај повеќе

Надоместоците кои се наплатуваат од инвеститорот во Фондот се: влезен надоместок кој се одбива од износот за уплата во моментот на продажба на уделите; излезен надоместок кој се одбива од нето вредноста на имотот на Фондот по удел во моментот на откуп; други оперативни трошоци утврдени со Статутот и Проспектот на Фондот

Прочитај повеќе