Преминете кон содржината

Кога и како се плаќа данокот на добивка од инвестициски фондови?

НЛБ Фондови испраќа извештај до УЈП со сите остварени добивки. УЈП ја пресметува сумата на данокот и ја доставува до вас, така што не треба сами да поднесувате пријава. Данокот е 10 %, а доколку повлечените средства биле подолго од 2 години во инвестицискиот фонд, тогаш се ослободени од данок.

Поврзани прашања

Правните лица не плаќаат посебен „данок на капитални добивки“ од инвестициски фондови. Нивниот принос од инвестициските фондови едноставно ја зголемува годишната добивка на фирмата, која потоа се оданочува со 10 % данок на добивка.

Прочитај повеќе

Како физичко лице, данок се плаќа само на реализирана добивка од продажба на удели во инвестициски фондови. Кога ќе продадете удели и остварите принос (разликата помеѓу продажната и куповната цена), добивката се оданочува со 10% данок на личен доход. Ако уделите ги држите подолго од 2 години, продажбата е ослободена од данок.

Прочитај повеќе