Преминете кон содржината

Зошто да инвестирате во инвестициски фондови?

Инвестирањето во фондови ви овозможува професионално управување со парите, распределување на ризикот и потенцијален долгорочен раст на капиталот.

Зошто токму НЛБ Фондови?

Ние сме едно од најголемите Друштва за управување со инвестициски фондови во Македонија со повеќе од 17 години присуство на пазарот. Дел сме од НЛБ Групацијата,  што дополнително ја зајакнува довербата и безбедноста на вашите инвестиции.

На инвеститорите им нудиме производи кои што одговараат на нивниот начин на живот и фазите на живот во кои се наоѓаат.

Главните предности на инвестирањето во НЛБ Фондови

Штедењето во инвестициски фондови е едноставно и прегледно.

За да започнете, потребно е да поминете само 3 чекори:

  • Да изберете фонд (или комбинација од повеќе фондови) што одговараат на вашите цели.
  • Да ја потпишете документација за пристап.
  • Да извршите уплата на средства на сметката на избраниот фонд (или повеќе фондови).

За сè останато се грижиме ние – друштвото НЛБ Фондови.

Вашите средства во фондовите не се орочени.

Кога ќе ви бидат потребни вашите заштеди, средствата ќе ги добиете на вашата лична сметка најдоцна во рок од пет работни дена по поднесување на барањето за откуп. Оваа флексибилност е особено значајна во непредвидливи ситуации – на пример, при неочекувани трошоци или несакани промени во вашите приходи.

Со вложување во инвестициски фондови, вашите средства се изложени на пазарен ризик – но токму тоа овозможува потенцијал за повисоки приноси во споредба со класичните форми на штедење.

 

НЛБ Фондови  овозможува избор меѓу фондови со различни нивоа на ризик, што значи дека можете да го прилагодите вашето инвестициско портфолио според вашата цел, временскиот хоризонт и односот кон ризикот.

 

Инвестициските фондови претставуваат балансирано решение помеѓу побезбедното банкарско штедење и подинамичното вложување во поединечни акции. Благодарение на диверзификацијата на вложувањата, тие се релативно отпорни на краткорочни пазарни осцилации и се особено погодни за долгорочни инвестиции.

НЛБ Фондови ви нуди голема флексибилност при вашето штедење:

  • Можност за помали уплати → почнувајќи од 1000 мкд месечно;

  • Програма за дисциплинирано штедење (програмирани планови) → за долгорочно остварување на вашите цели;

  • Автоматско реинвестирање на добивките → за побрз раст на вашето богатство;

  • Можност за комбинирање со други  продукти (депоѕити);

  • Слободен избор меѓу 5 фондови, кои се разликуваат по своите инвестициски политики.

Како да го намалам ризикот од инвестирање?

Намалувањето на ризикот започнува уште пред првата одлука. Важно е реално да ги процените вашите финансиски цели, временскиот хоризонт и можностите. Само со промислена селекција на соодветниот фонд и усогласени очекувања можете долгорочно да го заштитите вашето богатство и да вложувате со поголем мир.

Зошто да ги изберете НЛБ Фондови?

Не е потребен голем износ
Големите успеси започнуваат со мали чекори.
Висока ликвидност
Парите се на вашата лична сметка најдоцна 5 работни дена по поднесувањето на барање за откуп.
Едноставен начин на инвестирање и заштеда на време
Едноставно и брзо до висока диверзификација на инвестициите.
Професионален менаџмент
Професионален тим со големо искуство во управувањето со средства.
Транспарентноста е на прво место
За сите информации во врска со инвестициите, можете да контактирате со нашите инвестициски советници и во која било експозитура на НЛБ Банка.
Повисок принос
Поголем очекуван принос во споредба со традиционалните методи на штедење.

Тековни

случувања на пазарот на капитал

Проширете ги вашите финансиски хоризонти

Станете подобар инвеститор – не се потпирајте на непроверени извори, бидете во тек со тековните случување на пазарите на капитал што ве водат стручено низ светот на финансиите и ви дава конкретни насоки како да ги зголемите вашите заштеди

Вашата претплата е успешно активирана!

Ви благодариме што се претплативте на нашиот билтен! Со задоволство ќе Ве информираме за најновите вести, понуди и информации.

Ве молиме да се обидете повторно.

Krivo
За да добивате известувања, мора да се согласите со условите.
Започнете да инвестирате со НЛБ Фондови

Информирајте се за инвестирање во нашите инвестициски фондови во нашите канцеларии, онлајн или во најблиската експозитура на НЛБ Банка, или јавете се на 02 60 90 300 за консултација.