Инвестициски можности
ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
ИНДИВИДУАЛНО УПРАВУВАЊЕ
КОМБИНИРАНИ ПРОИЗВОДИ
Разбирањето на основните инвестициски концепти ви помага да донесувате внимателни и самоуверени одлуки. За вас подготвивме јасни објаснувања на клучните поими и разликите помеѓу различните инвестициски класи.
“Најдобра” инвестиција не постои
Пред да почнете со инвестирање, поставете си клучно прашање: Што сакам да постигнам со ова инвестирање?
Вашата цел може да биде конкретен износ, или нешто поопипливо – на пример, финансии за одмор, купување нов автомобил или почетен капитал за купување стан.
Кога ќе ја дефинирате целта на вашето штедење и временскиот период во кој сакате да ја постигнете, полесно ќе ја изберете инвестицијата која е најсоодветна за вашата цел, финансиските можности и вашиот пристап кон ризикот.
Општо, инвестициските класи се можности за вложување.
Примери на инвестициски класи се: акции, обврзници, инвестициски фондови, недвижнини, суровини и слично.
Инвестициските класи се делат на помалку и повеќе ризични, што обично е поврзано со очекуваниот принос.
| Инвестициска класа | Ризик/Принос | Причина за вложување |
| Акции | Висок/Висок | Долгорочен раст и повисоки приноси |
| Обврзници | Ниско-среден/Среден | Стабилни приноси со помал ризик |
| Пари | Низок/Негативен | Ликвидност и безбедност |
Недвижности
| Среден/Средно-висок | Зачувување на вредност, долгорочна инвестиција |
| Суровини (злато) | Среден/Низок | Заштита од инфлација |
| Инвестициски фондови | Зависи од фондот | Разновидност, пристапност и професионално управување |
Разновидност → основа за долгорочно успешно портфолио
Разновидноста меѓу различните инвестициски класи е клучна за стабилна и долгорочно успешна инвестициска стратегија. Само со внимателно распределено портфолио можете да го намалите влијанието на пазарните корекции, да ги заштитите вашите средства и истовремено да ги зголемите шансите за повисоки приноси.
На почетокот поставете си три клучни прашања:
Која е мојата главна финансиска цел?
Колку време сум подготвен да штедам или вложувам?
Колку добро поднесувам ризик?
Одговорите на овие прашања ќе ви помогнат да составите портфолио кое одговара на вашите лични цели, можности и очекувања.
Портфолиото претставува збир на сите ваши инвестиции – акции, обврзници, инвестициски фондови, недвижнини, злато и други форми.
Клучниот принцип за успешно вложување е разновидноста или диверзификацијата. Разновидно портфолио вклучува различни инвестициски класи, што значи дека ризикот не зависи само од еден пазар или вид на инвестиција. Таквото портфолио е обично поотпорно на секојдневни пазарни корекции и претставува солидна основа за долгорочна инвестициска стратегија.
Сепак, разновидноста не е единствениот фактор за успех. Најуспешните инвеститори земаат предвид и даночни аспекти, влијанието на инфлацијата, геополитички случувања, економски циклуси и други клучни околности кои можат да влијаат на вредноста на инвестициите.
Иако често не сфаќаме, но парите се исто така форма на инвестиција. Како и другите форми на богатство, парите со текот на времето можат да ја зголемуваат или намалуваат својата вредност.
Поради инфлацијата, парите обично секоја година малку ја губат својата куповна моќ. Затоа е разумно да се размислува за инвестиции кои долгорочно подобро ја зачувуваат вредноста и штитат од влијанието на инфлацијата.
Сепак, не смее да се занемари значењето на ликвидните средства – „пари на сметка“, кои претставуваат резервен фонд. Тие ни овозможуваат брзо да реагираме на непредвидени трошоци или привремени намалувања на приходи. Поради својата достапност, ликвидните средства играат важна улога во обезбедувањето финансиска стабилност и мир.
На веб-страницата од НЛБ Фондови подготвивме дополнителни објаснувања за избрани поими. Повеќе информации можете да прочитате со клик на следните линкови.
Разговор со инвестициски советник
Започнувате со прва инвестиција? Посетете ја најблиската експозитура на НЛБ или посетете не во канцелариите на НЛБ Фондови и добијте совет од нашите експерти.
Довербата не е случајност – таа се темели на стручност, долгорочно искуство и транспарентност при управувањето со вашите инвестиции.