Преминете кон содржината

Како да инвестирате?

Започнувањето со вложувањата во НЛБ Фондови е лесно. Дали веќе сте избрале фонд или комбинација од повеќе фондови? Посетете која било експозитура од НЛБ и со задоволство ќе ви помогнеме со сè што ви треба на почетокот на вашето инвестициско патување.

Инвестирањето е лична одлука

Нашите инвестициски советници ќе бидат со вас низ целото инвестициско патување – од првите чекори до остварувањето на вашите финансиски цели.

Во НЛБ Фондови не сте само број, туку партнер на кој му посветуваме време, знаење и доверба

Најважното за почеток на вашето инвестирање

Првиот чекор на вашето инвестициско патување е избор на еден или повеќе фондови со кои управуваме, кои одговараат на вашите цели, временскиот период, финансиските можности и односот кон ризикот.

 

Во овој процес ќе ви помогне инвестициски советник, кој ќе ви ги претстави можностите за вложување во нашите фондови и ќе одговори на сите ваши прашања, за да можете полесно и посигурно да донесете одлука за вложување прилагодена на вашите желби и инвестициски цели.

 

На средба можете да дојдете во која било експозитура на НЛБ, во канцелариите на НЛБ Фондови или да се јавите на телефонскиот број 02 60 90 300.

Кога ќе се одлучите да пристапите во некој од нашите фондови, од наша страна ќе бидат пополнети потребните документи за пристап. За тоа ви се потребни:

 

Физички лица:

  • документ за идентификација (лична карта или пасош),

  • трансакциска сметка.

Правни лица:

  • тековна состојба,

  • тековна состојба на вистински сопственици,

  • документ за лична идентификација на овластените лица / вистинскиот сопственик,

  • нотарски заверено полномошно ако пристапот кон фондовите не го прави законскиот застапник на правното лице.

По потпишувањето на документацијата, средствата се префрлаат на сметката на избраниот фонд наведена во барањето за купување.

Откако ќе станете инвеститор во нашите фондови, состојбата на вашата инвестицисја можете да ја следите во секое време – преку мобилната апликација NLB Fondovi MKD.

 

Исто така, повеќе информации за вашата инвестиција, можете да добиете директно од НЛБ Фондови, на телефонскиот број 02 60 90 300 или на електронската пошта info@nlbfondovi.mk .

Започнете со инвестирање во најблиската експозитура на НЛБ Банка

Вашето инвестициско патување можете да го започнете во која било експозитура од НЛБ Банка или во нашите канцеларии (НЛБ Фондови), во Скопје.

Зошто да ги изберете НЛБ Фондови?

Не е потребен голем износ
Големите успеси започнуваат со мали чекори.
Висока ликвидност
Парите се на вашата лична сметка најдоцна 5 работни дена по поднесувањето на барање за откуп.
Едноставен начин на инвестирање и заштеда на време
Едноставно и брзо до висока диверзификација на инвестициите.
Професионален менаџмент
Професионален тим со големо искуство во управувањето со средства.
Транспарентноста е на прво место
За сите информации во врска со инвестициите, можете да контактирате со нашите инвестициски советници и во која било експозитура на НЛБ Банка.
Повисок принос
Поголем очекуван принос во споредба со традиционалните методи на штедење.

Тековни

случувања на пазарот на капитал

Проширете ги вашите финансиски хоризонти

Станете подобар инвеститор – не се потпирајте на непроверени извори, бидете во тек со тековните случување на пазарите на капитал што ве водат стручено низ светот на финансиите и ви дава конкретни насоки како да ги зголемите вашите заштеди.

Вашата претплата е успешно активирана!

Ви благодариме што се претплативте на нашиот билтен! Со задоволство ќе Ве информираме за најновите вести, понуди и информации.

Ве молиме да се обидете повторно.

Krivo
За да добивате известувања, мора да се согласите со условите.
Управување со доверба

Довербата не е случајност – таа се темели на стручност, долгорочно искуство и транспарентност при управувањето со вашите инвестиции.