Преминете кон содржината

Недела за паметење: JPMorgan, Nasdaq и примирјето

Глобалните берзи минатата недела остварија добивки, продолжувајќи го растот трета последнователна недела, при што некои клучни индекси достигнаа рекордни нивоа. Главен двигател на позитивниот сентимент беше натамошното ублажување на геополитичките тензии на Блискиот Исток, особено по израелско-либанскиот прекин на огнот и напредокот во разговорите меѓу САД и Иран. Дополнителна поддршка за пазарите даде и изјавата на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, кој во текот на викендот посочи дека Ормутскиот Теснец останува „целосно отворен“ за комерцијален превоз, намалувајќи го стравот од потенцијални нарушувања во глобалните синџири на снабдување.

 

Веста предизвика нагло намалување на цените на нафтата, дополнително зголемувајќи го апетитот за ризик кај инвеститорите. Ова закрепнување аналитичарите го опишаа како едно од најбрзите враќања на рекордни нивоа по корекција во последните 50 години.

Индекс

Принос за една недела*                (10. 04. 2026 – 17. 04. 2026)

Принос за оваа година*     (31.12.2025 – 17.04.2026)

Свет - MSCI World

+3,28%

+4,94%

САД - S&P 500

+3,86%

+3,91%

Европа - DJ STOXX 600

+2,00%

+6,80%

Јапонија - Topix

+0,67%

+9,83%

Пазари во развој - MSCI Emerging markets

+2,55%

+13,71%

*вклучувајќи дивиденди, пресметано во евра

 

Извор: Bloomberg

Американските берзи забележаа извонреден раст минатата недела. S&P500 порасна за 3,86% и достигна ново рекордно ниво, додека Nasdaq Composite забележа најсилен со раст од 5,49%, главно поради интересот за компании поврзани со вештачка интелигенција.

 

Во исто време, цената на нафтата падна за околу 30% од пролетниот врв. Очекувањата се дека до крајот на годината WTI ќе се движи околу 70–75 долари за барел. Приносот на 10-годишните американски обврзници се стабилизираше на околу 4,2%.

 

Во фокус беше и сезоната на финансиски резултати за првиот квартал. Аналитичарите очекуваат раст на добивките од околу 12% кај компаниите од S&P 500, што би бил шести квартал по ред со двоцифрен раст.

 

Меѓу првите компании што објавија резултати беше JPMorgan Chase, која ги надмина очекувањата и по заработка по акција и по приходи. Сепак, извршниот директор Џејми Дајмон предупреди дека и покрај силните бројки, ризиците остануваат – особено поради геополитички тензии, волатилни цени на енергијата и трговска неизвесност. Банката, исто така, малку ја намали својата прогноза за нето каматните приходи за целата година - од претходните 104,5 милијарди долари на околу 103 милијарди долари.

 

Макроекономските податоци во САД беа мешани. Производствената инфлација беше поволна во март - индексот на PPI се зголеми за 0,5% месечно, што е еден процентен поен под очекувањата, додека основниот PPI ​​без храна и енергија се зголеми само за 0,1%, далеку под прогнозите. Барањата за надомест за невработеност останаа ниски на 207.000, што укажува на стабилен пазар на трудот. Од друга страна, пазарот на домување остана пригушен - продажбата на постоечки домови се намали за 3,6% во март на 3,98 милиони единици, а индексот на доверба во градежниот сектор се намали за четири поени на 34.

Во Европа, STOXX 600 порасна за 1,91% во локална валута. Најсилен перформанс оствари германскиот DAX со раст од 3,77%, по што следуваа италијанскиот FTSE MIB (+2,65%) и францускиот CAC 40 (+2,00%), додека британскиот FTSE 100 забележа поскромен раст од 0,63%.

 

И покрај позитивните перформанси на берзата, макроекономската слика останува пригушена. Меѓународниот монетарен фонд ја ревидираше надолу прогнозата за економски раст во Еврозоната за 2026 година на 1,1%, во однос на 1,3% проектирани во јануари, посочувајќи дека конфликтот на Блискиот Исток може да доведе до сериозна енергетска криза доколку не се реши. Дополнителен сигнал за слабеење на економската динамика пристигна од Германија, каде што цените на големо во март забележаа раст од 4,1% на годишно ниво - цените на обоените метали и полуготовите производи се зголемија за дури 48,4%. Истовремено PMI индексите во услужниот сектор во Франција и Италија сигнализираа понатамошно забавување на деловната активност.

 

Во меѓувреме, Европската централна банка, објави дека не брза со зголемување на каматните стапки, а гувернерот Villeroy de Galhau нагласи дека треба да се соберат доволно податоци за влијанието врз базичната инфлација и побарувачката пред да се донесе следна одлука поврзана со монетарната политика. Обединетото Кралство, од друга страна, позитивно ги изненади пазарите со раст на БДП од 0,5% на месечно ниво во февруари, значително над пазарните очекувања. Сепак, ММФ ја намали прогнозата за економски раст на земјата за 2026 година на 0,8%, што претставува најголема надолна ревизија меѓу сите земји членки на G7. Дополнително внимание привлече и политичката динамика во Унгарија, каде што опозицијата предводена од Петер Маѓар оствари значајна изборна предност во однос на партијата на премиерот Виктор Орбан, со повеќе од две третини мнозинство - настан што пазарите го поздравија со пораст на цените на акциите.

 

Во Азија, пазарите го следеа глобалниот оптимизам. Јапонскиот индекс Nikkei 225 порасна за 2,84%, достигнувајќи рекордно високо ниво, додека довербата на производителите нагло падна во април поради нарушувањата во синџирот на снабдување предизвикани од затворањето на Ормутскиот теснец. Во Кина, БДП во првиот квартал од 2026 година ги надмина очекувањата со годишен раст од 5,0%, но слабата малопродажба (+1,7% на годишно ниво) укажува дека домашната побарувачка останува загрижувачка.

 

Тековни случувања на пазарот на капитал

Во нашите публикации ќе најдете анализи и коментари за актуелните случувања на капиталните пазари.

15.04.2026

Настаните на Блискиот Исток ги одбележаа капиталните пазари низ целиот свет

Прочитај повеќе
01.04.2026

Немирите на Блискиот Исток ги зголемуваат инфлациските очекувања

Прочитај повеќе