Новости

Царинска несигурност – висока нестабилност на пазарите

Минатата недела повторно донесе различни настани на берзaнските, обврзничките и FX пазарите. Сепак, најавеното 90-дневно одложување на голем дел од највисоките царински стапки врати одреден оптимизам на пазарите и придонесе глобалниот берзански индекс да закрепне барем малку од претходните загуби.

Повеќето инвеститори (со право) посветија поголем дел од своето внимание на царините и трговската војна изминатава недела. Неделата започна во ист стил како што заврши претходната - со пад на цените. Исто така го следевме падот на цените на американските државни обврзници и растот на бараните приноси, што е невообичаено, бидејќи во несигурни времиња капиталот обично се движи од акции кон побезбедни обврзници. Овојпат, сепак, тоа не беше случај – минималниот принос кој го бараа инвеститорите (Yield) на 10-годишната американска обврзница скокна од 3,9% на над 4,5% за два дена. Според неофицијални информации, се вели дека американскиот претседател Трамп се загрижил поради остриот скок на трошоците за задолжување на САД, а поради тоа во средата имаше значително олеснување, односно, одлука да се одложи целосното спроведување на царините објавени на почетокот на април за 90 дена. Остануваат на сила царините од 10% за целиот увоз во САД, 25% за автомобили, челик и алуминиум и 145% за увоз од Кина. Со оглед на моменталната структура на увозот, просечната царинска стапка се зголеми од околу 2,4% на над 25%.

Најавата за одложување на царините за 90 дена – со цел да се преговара и да се склучат подобри трговски зделки – беше доволна за една од најголемите еднодневни добивки на берзата во историјата. Индексот Nasdaq го забележа својот втор најголем еднодневен скок досега, добивајќи повеќе од 12%. Веќе следниот ден имаше уште една, иако мала, надолна корекција, но акциите во САД сепак ја завршија неделата со значителен раст. За инвеститорите со седиште евро зоната и тргувања на американски пазари, дел од овој раст беше неутрализиран со неповолните валутни движења - доларот загуби повеќе од 3,5% во однос на еврото и се тргува со 1,13 УСД/ЕУР, што е најслаба стапка во последните три години.

Од таканаречениот „Ден на ослободувањето“ на почетокот на април, макроекономските податоци и корпоративните деловни резултати се донекаде турнати во втор план. Сепак, вреди да се забележи позитивно поместување на инфлациските притисоци: во САД, месечната инфлација се лизна на негативна територија за прв пат во последните пет години (-0,1%), додека годишниот раст на цените изнесуваше 2,4%. Базичната инфлација, која ги исклучува цените на енергијата и храната, останува на 0,1% месечно и 2,8% на годишно ниво. Сè уште е повисока од таргет вредноста, но ова е најнискиот годишен раст на цените од март 2021 година.

Традиционалната квартална сезона на соопштенија за корпоративни профити ја отвораат банките. JPMorgan ги надмина очекувањата за приходите, заработката по акција и нето каматниот приход, со што цената на акциите се зголеми за 4%. Добри резултати забележаа и Morgan Stanley и Wells Fargo.

Европските берзи во просек благо паднаа. Европа на американските царини одговори со умерен став: подготвеност за преговори, но и со објавување одмазднички тарифи за одредени американски производи доколку не се постигне договор. Сепак, одговорот на Кина беше сосема поинаков, јасно соопштија дека немаат намера да искочат како губитници во трговската војна. Таа ги зголеми тарифите за американскиот увоз на дури 125% и додаде дека нема да ги зголемува тарифите повеќе, бидејќи зголемувањето нема да има економско влијание. Кинеските акции, како резултат на тоа, изгубија околу една десетина од нивната вредност.

Конечно, поглед кон пазарите за суровини. Цената на златото драстично порасна изминатата недела - за околу 6%, што не е изненадувачки во време на висока неизвесност. Годинава златото веќе поскапе околу 20%. Цената на нафтата остана главно непроменета на неделна основа, но кога паниката кулминираше, цената на суровата нафта „брент“ падна под 60 долари за барел, што е најниско ниво од февруари 2021 година.

Најнови вести

Пријавете се за е-вести

Доброволно се согласувам, Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, да ги обработува моите лични податоци (име, презиме и e-mail) за цели на информирање на клиентите преку е-пошта (Испраќање на newsletter). Запознаен сум дека мојата согласност можам да ја повлечам во секое време. Согласноста се дава само за наведените цели и наведените категории на лични податоци. Моите податоци можат да бидат обработени единствено од овластените лица на Друштвото и продажните партнери.

Потврдувам дека сум запознаен каде се достапни подетални информации за заштита на личните податоци (во Политиката за приватност). Обработката на наведените категории лични податоци ќе се врши согласно Законот за заштита на личните податоци. Доколку сакате да ја повлечете согласноста, истото можете да го направите со одбирање на полето unsubscribe достапно на меил пораката, по писмен пат на следната адреса : НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје, со достава на меил на следната адреса: [email protected] или лично на следната адреса: НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје.

Следете нѐ

За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.