Новости

Царините ги туркаат берзите надолу

Царините повторно беа во центарот на вниманието. Овој пат, американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 25% за увоз на автомобили и составни делови, што негативно се одрази на берзите во САД, Европа и Јапонија. Во меѓувреме, производната активност во Европа се зголемува, а цената на златото достигна нови рекорди.

Минатата недела цените на американските акции паднаа, главно поради воведувањето нови царини од администрацијата на Трамп, зголемените инфлациски притисоци и општата неизвесност за идните економски мерки во САД. Трамп мината недела објави увозна царина од 25% за сите автомобили што не се произведени во САД. Ова има за цел да ги поттикне компаниите да го преселат производството на автомобили во САД и на тој начин да ја зајакнат домашната економија. Но, инвеститорите генерално не се наклонети кон царините, бидејќи тие обично имаат спротивен ефект: цените на производите се зголемуваат, а производството паѓа. Најголем број автомобили во САД доаѓаат од Мексико, а потоа следат Јапонија, Канада, Јужна Кореја и Германија.

Дополнителен негативен сигнал беше објавата на податоци за инфлацијата. Годишната стапка на инфлација во февруари беше 2,5%, додека базичната инфлација (без храна и енергија) скокна од 2,7% на 2,8%, што е многу повеќе од предвидените 2% на Федералните резерви. Иако пазарот во моментот сè уште очекува ФЕД да ги намали каматните стапки двапати оваа година, континуираните инфлациски притисоци би можеле да го ограничат опсегот на намалувања. Ова може да претставува проблем за американската администрација, бидејќи голем дел од националниот долг доспева оваа година и ќе треба да се рефинансира, а високите каматни стапки значат и повисоки трошоци за долгот. Објавувањето на индексот на доверба на потрошувачите, исто така не донесе оптимизам. Во март индексот падна за 7,2 поени на 92,9, додека индексот на очекувањата на потрошувачите падна за дури 9,6 поени на 65,2, што е најниска вредност во последните 12 години. Вредностите под 80 често укажуваат потенцијален знак за рецесија. Падот на индексот PMI, пресметан од S&P Global - од 52,7 на 49,8 - укажа и на проблеми во преработувачкиот сектор. Вредностите под 50 значат дека производната активност се намалува. Од друга страна, услужниот сектор покажа поголема виталност; Индексот PMI достигна тримесечен максимум од 54,3.

И европските берзански индекси ја завршија минатата недела во негатива. Главна причина остануваат американските царини за автомобили, бидејќи САД се клучен извозен пазар за европската автомобилска индустрија. Неизвесноста дополнително ја влошува нејасната насока на економските политики во САД. Од друга страна, некои макроекономски податоци во Европа се охрабрувачки. Производниот PMI во еврозоната се искачи на 48,7 во март, што е највисоко ниво во последните 26 месеци и трет последователен месец на раст. Во Германија компаниите покажаа поголем оптимизам, што се одразува со подобрувањето на индексот на деловната клима пресметан од институтот Ifo - тој се искачи од 85,3 на 86,7.

Американските тарифи на автомобили ја погодија и Јапонија, бидејќи околу една третина од нејзиниот извоз на автомобили завршува во САД. Реагираше и јапонскиот премиер Ишиба, кој предупреди дека влијанието на овие царини врз економијата ќе биде значително и дека веќе бара дипломатско решение со Американците, со цел намалување или укинување на царините за автомобили. Се зголемуваат и инфлациските притисоци, при што базичната инфлација во Токио и околината се искачи на 2,4%, повисоко од очекуваното, што ја прави веројатноста за уште едно зголемување на каматните стапки уште повисока.

Инвеститорите во злато имаа повеќе од доволно причини да бидат среќни минатата недела, бидејќи цената на златото во петокот достигна рекордно ниво од 3.084 долари за унца. Златото традиционално се смета за безбедно засолниште во време на неизвесност, па затоа не е чудно што побарувачката за него се зголемува. Ескалацијата на геополитичките тензии, заканата од нова трговска војна меѓу САД и остатокот од светот и постојаните инфлациски притисоци предизвикуваат немири кај инвеститорите. Политичката реторика на Доналд Трамп во врска со новите тарифи дополнително ги охрабрува инвеститорите да се повлечат од ризичните инвестиции и да преминат во поодбранбени инструменти, како што е златото.

Најнови вести

Пријавете се за е-вести

Доброволно се согласувам, Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, да ги обработува моите лични податоци (име, презиме и e-mail) за цели на информирање на клиентите преку е-пошта (Испраќање на newsletter). Запознаен сум дека мојата согласност можам да ја повлечам во секое време. Согласноста се дава само за наведените цели и наведените категории на лични податоци. Моите податоци можат да бидат обработени единствено од овластените лица на Друштвото и продажните партнери.

Потврдувам дека сум запознаен каде се достапни подетални информации за заштита на личните податоци (во Политиката за приватност). Обработката на наведените категории лични податоци ќе се врши согласно Законот за заштита на личните податоци. Доколку сакате да ја повлечете согласноста, истото можете да го направите со одбирање на полето unsubscribe достапно на меил пораката, по писмен пат на следната адреса : НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје, со достава на меил на следната адреса: [email protected] или лично на следната адреса: НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје.

Следете нѐ

За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.